Петра Јовановска со „Бегство од кругот“ ќе се претстави во Софија

Петра Јовановска со „Бегство од кругот“ ќе се претстави во Софија

Ликовната уметница Петра Јовановска денеска ќе ѝ се претстави на публиката во Софија со изложбатата „Бегство од кругот“. Изложбата е специјално подготвена за просторот на Чешкиот центар во Софија и ќе биде отворена во 18 часот.  
 
- За моето претставување во Чешкиот центар во Софија ја избрав како основна тема комуникацијата со геометриската форма – кругот и неговата симболика. Но, мојот уметнички израз не се заснова само на симболичните карактеристики на геометриската форма, основната намера е да ја насочам уметничката активност кон синтеза на ликовниот јазик и кон еден вид проучувачки приод кон ликовното дело. Кругот како основен мотив во моето творештво не доаѓа случајно. Доаѓа како синтеза на мојата творечка и животна филозофија, на знаењето дека кругот како совршена форма симболизира сѐ за кое како жена и уметник копнеам - појаснува за своето ликовно претставување Петра Јовановска.

Јовановска е родена во Јесеник, Чешка. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, а реализирала над 30 самостојни и над 300 колективни изложби низ целиот свет. Носител е на многубројни признанија од ликовни учества во Јапонија, САД, Австрија, Македонија, Романија, Чешка, Франција и др.