Најдобрите фотографии од фотонатпреварот #Wild2020 ќе ви го разубават денот
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Натпреварот #Wild2020 почна на 21 февруари на „Агора“, мобилна апликација каде што фотографите, без оглед дали се аматери или професионалци, можат да учествуваат на меѓународни натпревари за фотографии и да го искажат своето гледиште преку нивните најдобри фотографии со шанси да освојат признанија и парични награди.
- Ослободени од правилата, ослободени од системите, без никакви планови. Живеење во сегашноста со целосно внимание. Токму ова го гледаме во најдобрите фотографии од натпреварот #Wild2020: животот во најчистата форма - изјави Октави Ројо, извршен директор и коосновач на „Агора“.
Погледнете ги победничките
фотографии. Индонезискиот фотограф @cymot победил на натпреварот со неговата фотографија „Треба да се пие“.