Научници создале систем што ги претвора мислите во реченици

Научници создале систем што ги претвора мислите во реченици

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Нов изум кој користи вештачка интелигенција прецизно може да преведе мисли во реченици. Системот, кој засега препознава само 250 збора, може да им помогне на луѓето што го изгубиле говорот да ги пренесат своите мисли.

Џосеф Макин од Универзитетот Калифорнија, Сан Франциско, и неговите колеги користеле алгоритми за детално учење за да ги истражуваат мозочните сигнали на четири жени. Секоја од жените требало да прочита реченици додека тимот ја мерел активноста на нејзиниот мозок. Најголемите групи на реченици имале 250 збора.


Фото: Pixabay

Податоците од мозочната активност на жените биле внесени во мрежен алгоритам кој можел да препознае фрази што се повторуваат. Овие податоци биле поврзани со друга мрежа која ги претворала зборовите во реченици. Во експериментите со жените системот во најдобрите серии направил грешки во 3% од речениците.

Според Макин, користењето мал број реченици му помагало на системот да ги научи зборовите и фразите. Кога системот се обидел да претвори мозочни сигнали во посебни зборови, наместо цели реченици, грешките биле почести. Поради тоа, ќе биде тешко да се направи поголем систем кој ќе препознава повеќе зборови бидејќи секој нов збор ги зголемува сите можни реченици, а со тоа и грешките би биле почести.


Фото: Pixabay

Сепак, дури и систем со 250 збора би им бил корисен на луѓето што не можат да зборуваат. Сепак, далеку сме од целосно преведување на мислите во разбирливи реченици со оглед на тоа што секој човек знае околу 350.000 збора.

Автор: Џејсон Арун Муругесу
Извор: newscientist.com