Вештина што му го смени животот на Ворен Бафет

Вештина што му го смени животот на Ворен Бафет

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Пред две години Ворен Бафет се запознал со 20-годишен претприемач кој го прашал кој совет за успех би им го дал на младите дипломци. Одговорот на Бафет бил јасен.

- Инвестирајте во себе. Лесен начин на кој може да станете 50% повредни отколку што сте сега е да ги подобрите вашите вештини за комуникација - пишувани и вербални. Ако не можете да комуницирате, тоа е како да ѝ намигнувате на одредена девојка во темница - не се случува ништо. Може да сте најинтелигентни на светот, но мора да бидете способни да го пренесете тоа. А пренесувањето е комуникација - изјавил Бафет.


Фото: Wikipedia

Милијардерот претходно јавно признал дека имал страв од говорење пред луѓе додека бил во средно училиште и на факултет. Курс за јавно говорење му го променил животот на Бафет. Очигледно овој курс му ја зголемил вредноста на Бафет за повеќе од 50% со оглед на тоа што тој „тежи“ 68 милијарди долари.


Фото: Pixabay

Повеќе истражувања ја покажале врската помеѓу финансискиот успех и комуникациските вештини. Едно истражување од технолошкиот институт „Карнеги“ открило дека 85% од успехот на луѓето се поврзани со способноста за ефикасно комуницирање, преговарање и водење. Останатите 15% се поврзуваат со техничкото знаење.

Автор: Марсел Швантес
Извор: inc.com