Технологија наспроти традиција: Револуција во образованието

Технологија наспроти традиција: Револуција во образованието

Ротари клуб Скопје Академија, познат по своите иницијативи за унапредување на образованието и развојот на заедницата, организира образовен форум на темата „Напредни технологии: алатки за подобро учење или предизвик за традиционалниот образовен модел?“

На 3 април во просториите на Европската делегација во Северна Македонија (Europe House), Форумот ќе собере истакнати професори од различни факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои ќе зборуваат за влијанието на напредните технологии врз современото образование.

Со брзиот развој на технологијата, образованието се соочува со значајни промени и предизвици. Овој форум има цел да ги истражи можностите и заканите што произлегуваат од интеграцијата на новите технологии во учењето. Преку дискусии и предавања, панелистите ќе споделат свои искуства и експертски мислења за тоа како може технологијата да го подобри процесот на учење, но и да се сочуваат основните вредности на традиционалниот образовен модел.

Овој настан е прв од форумот Образование 2.0 и претставува уникатна можност за размена на идеи и искуства меѓу академската, бизнис-заедницата и пошироката јавност.

Не пропуштајте го овој значаен форум кој ќе отвори нови перспективи и ќе промовира иновации во образованието!