Доктор истрчал 35 километри со маска на лице за да докаже дека таа не го намалува кислородот

Доктор истрчал 35 километри со маска на лице за да докаже дека таа не го намалува кислородот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Практиката на носење заштитни маски за лице се покажа дека е моќно оружје во борбата против пандемијата од многу различни земји, и понатаму постојат луѓе кои не веруваат дека се ефикасни. Покрај тоа, некои веруваат дека носењето маски на лицето може да има штетно влијание врз здравјето на личноста.

На пример, некои лица одбиваат да носат маски затоа што наводно, може да го намали нивото на кислород. Токму поради тоа, лекарот Том Лотон од Јоркшир, неодамна одлучи да го разбие овој мит за маските за лице, трчајќи 35 километри додека носел маска.

Во текот на трчањето, докторот носел мерач на кислород.

- Многу луѓе кои не сакаат да носат маски и наоѓаат различни изговори. Но, најмногу сум загрижен за луѓе со респираторни заболувања, кои сакаат да носат маска, но се исплашени затоа што низ интернетот кружат наводни извештаи дека маските предизвикуваат хипоксија (состојба кога телото е лишено од кислород). Јас сум човек што ја разбира науката, имам пристап до оксиметар за пулс (уред што се користи за следење на количината на кислород во телото), така што можам да покажам дека тоа воопшто не е така - вели д-р Том.

- Го правам ова затоа што работам во интензивна нега и во болница, сум видел некои од најлошите работи што може да ги направи овој вирус - дури и кај луѓе од 20 и 30 години. Мислам дека не постои нешто магично што може да ја реши ситуацијата, туку цела низа работи што можеме да ги применуваме. Една од тие, и една од најлесните е да носиме маски. Затоа ме вознемирува тоа што гледам дезинформација за нивото на кислород што би можело да ги исплаши луѓето да не ги носат - додава тој.

Том со себе носеше оксиметар за да може постојано да го проверува нивото на кислород. Тој вели дека воопшто не ја вадел маската за време на трчањето и нивото на кислород останало на 98 отсто.

Како што вели, сфаќа дека постојат луѓе кои од одредени причини не можат да носат маски.

- Очигледно, има луѓе кои не можат да носат маски поради една или друга причина, претежно од психолошки или имаат посттрауматски стрес, но секој што може да го направи тоа, треба. Мојата маска те заштитува тебе, твојата маска ме заштитува мене - вели лекарот.

Извор: Bored Panda
Фото: Тwitter