Истражувајте површината на Марс со помош на снимки со висока резолуција направени од роверите на НАСА

Истражувајте површината на Марс со помош на снимки со висока резолуција направени од роверите на НАСА

Подготвил: Тамара Гроздановски

НАСА објави неколку неверојатни фотографии направени на површината на Марс, нема многу видео снимки што ја прикажуваат Црвената планета. Досега. Тимот на „Елдерфокс Докјументарис“ неодамна уреди неколку неверојатни слики за да направи 4К видео, вадајќи ни снимка од оваа планета со одлична резолуција.

Со комбинирање на фотографии со висока резолуција направени од роверите „Кјуриосити“, „Спирит“ и „Опортунити“, видеото дава увид во неколку области на Марс. Исто така, дава одговор на прашањето зошто роверите не испраќаат снимки во живо од планетата. Додека камерите на роверите беа врвна технологија во времето кога беа лансирани, стапките со кои можат да испраќаат податоци назад на Земјата се исклучително бавни.

На пример, роверот „Кјуриосити“, кој слета на Марс во 2012 година, може да испраќа податоци само со 32 килобајти во секунда. За среќа, на Марс речиси и нема раздвиженост, така што фотографирањето е одличен начин да се добие впечаток за околината.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube