Виртуелна тура низ сината куќа во која живеела Фрида Кало

Виртуелна тура низ сината куќа во која живеела Фрида Кало

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Пандемијата спречи многумина да патуваат и да истражуваат нови места, но нова виртуелна тура од музејот „Фрида Кало“ може да претставува утеха.

Музејот се наоѓа во познатата „сина куќа“ на Фрида Кало во Мексико Сити. Уметницата била родена во оваа куќа во 1907 година. Починала во истата куќа на 47-годишна возраст, во 1954.



Музејот бил основан во 1958, а во него може да се видат уметнички дела од Кало и од нејзиниот сопруг Диего Ривера, како и предмети што го покажуваат неверојатниот живот на сопружниците.

Живописноста на куќата одговара на богатата и шарена историја на нејзиниот жител. Кало била уметница, комунист и жена која го почитувала своето културно наследство.

Виртуелната тура може да ја најдете ТУКА.

Автор: Медлин Муздакис
Извор: mymodernmet.com