„Кока-Кола“ и „Марвел“ составија епски инфлуенсерски тим

„Кока-Кола“ и „Марвел“ составија епски инфлуенсерски тим

Кога ти е потребен суперхерој, тука се „Кока-Кола“ и „Марвел“. A кога ќе се здружат два гиганта како овие, се добива величествено партнерство. Резултатот е лимитирана серија лименки и шишенца „кока-кола“, кобрендирани со суперхероите на „Марвел“.

Инспирирано од моќта на суперхероите на „Марвел“ и од енергијата на поврзување на луѓето која е обвиена околу брендот на Кока-Кола, глумецот Гораст Цветковски ја доби задачата да биде новиот капетан во градот, во стилот на Капетан Америка, и да состави епски тим. Му се придружија инфлуенсерите Александра Трпеска и Александар Динев, јутјуберот Стефонатор, водителот Марко Новески и глумецот Стефан Николовски. Како што Капетан Америка ги предводи одмаздниците, така и Гораст ја предводеше „битката“ на својот тим – инфлуенсерите се натпреваруваа во подигнување пакети со „кока-кола“, одење по права линија со лименка на главата, фудбал на голчиња од лименки и многу други забавни игри.



Тие не откриваат кој победи, а кој изгуби, но велат дека успешно го победиле главниот негативец, досадата, супер се забавувале и се дружеле.

Уште еден предизвик за тимот е собирањето на лименките и ликовите од лимитираната серија. Дополнителна забава се крие зад QR-кодот поставен на лименките „кока-кола“. Откако ќе го скенирате и ќе ја позиционирате камерата на суперхеројот од лименката, ликот оживува благодарение на АР (аугментирана реалност). Доколку, пак, позиционирате две различни лименки една до друга, ќе бидете сведоци на епска битка меѓу двата херои.






Серијата рилови на тимот може да ги погледнете на профилот на @cocacolamakedonija на „Инстаграм“.

(Комерцијална објава)