Неверојатно видео покажува како се движат тектонските плочи на Земјата во период од 1,8 милијарди години

Неверојатно видео покажува како се движат тектонските плочи на Земјата во период од 1,8 милијарди години

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Сигурно во основно училиште сте учеле дека Земјината кора е поделена на тектонски плочи. Овие плочи се движат бавно секој ден, што е незабележливо за нас, но создаваат такви импресивни и очигледни карактеристики како Хималаите и Маријанскиот Ров. Но, науката за тектонските плочи може да нè научи многу повеќе отколку како Пангеа се претвори во денешните континенти.

Распадот и составувањето на суперконтинентите може да даде некоја информација плус за тоа како променливата средина стана гостопримлива за сложениот живот.

Новото видео создадено од истражувачи покажува како се движат тектонските плочи низ светот во период од 1,8 милијарди години.

Врз основа на три објавени модели, ова ново видео не само што е естетски импресивно, туку и е академски вредно. Моделите овозможуваат подобро разбирање и истражување на геолошкото минато на Земјата.

- Нашиот модел опфаќа три суперконтиненти и повеќе од два суперконтинентни циклуси. Направивме нова тектонска рамка за анализа на долгорочната еволуција на системите на Земјата, обезбедувајќи основа за развој на идна анализа на тектонските контроли на длабоките Земјини ресурси и развивање планетарни хипсографски реконструкции кои можат да дадат повратни информации за системите за литосферата - велат научниците.

Накратко, можеме вистински да разбереме како се формирала нашата Земја само со учење како нејзината површина се движела низ времето.


Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube