Градинка за пример во Македонија: Кога има љубов, со кантичка боја и четка чуда се прават
Малата сирена и морскиот свет, џуџињата од приказната за Снежана, илустрации од Симба и самовили… Ова се само дел од цртаните ликови што се насликани и распослани по внатрешните и надворешните ѕидови на клоновите што се дел од градинката „Росица“ во Општината Ѓорче Петров. Татјана Богдановска, која работи како негувателка во градинката, од обичните бели ѕидови создава вистински приказни во боја, од кои им запира здивот на децата, на родителите, вработените, како и на сите гости што доаѓаат во посета на објектите. Вели дека цртежите ги инспирираат децата и прават тие да се чувствуваат поубаво меѓу нивните омилени цртани ликови.
Погледнете како изгледа градинката