Хирург споделува трик за луѓето на кои им се замаглуваат очилата од маската
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Маските се новото нормално. Но, луѓето што носат очила честопати се мачат да гледаат кога носат маска затоа што им се замаглуваат од здивот. Така, тие треба постојано да ги чистат.
Како и да е поставена маската, на овие луѓе им е тешко да избегнат замаглување на стаклата. Како што се приближува студеното време, овој проблем се влошува поради природната кондензација кога некој ќе влезе од студено на топло. За среќа, еден искусен хирург на неговиот твитер-профил неодамна објави едноставен трик што ќе им помогне на оние што носат очила, а го користи и самиот кога оди на операција и треба да носи хируршки лупи: фластер преку носот. Тој го лепи на горниот раб на маската, така што отворот под очилата е затворен. Хирургот сподели слика од неговиот метод.
- Ставете го памучниот дел од фластерот на „мостот“ од носот: половина на маската и половина на лицето - пишува тој.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Freepik