Серијата „Круната“ е последната победа на принцезата Дијана над британската кралица

Серијата „Круната“ е последната победа на принцезата Дијана над британската кралица

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Британците негодуваат и се лути по четвртата сезона од популарната серија „Круната“. Останатиот дел од светот вели браво - и за сценариото, и за изборот на актери, и за нивниот перформанс, и секако - за сурово прикажаниот однос меѓу принцезата Дијана и Чарлс, и кралицата Елизабета, која сето тоа го набљудувала.

Заборавајќи дека сепак станува збор за играна серија и дека на авторите им е дозволена слобода да бидат малку или повеќе наклонети кон некои ликови, на удар на критиките најмногу се најде токму бракот на Чарлс и Дијана, кој на почетокот се сметаше за олицетворение на бајка, но се покажа како вистински кошмар.

Четвртата сезона го сместува дејството по 40 години од првата епизода, во 80-тите години. Тогаш почнала врската помеѓу принцот Чарлс и младата Дијана, непоправлива романтичарка, неискусна девојка која се најде среде торнадо во кое сè се врти околу правилата и должностите за кои претходно не знаела ништо. Паралелно се испреплетува и приказната за кралицата и Маргарет Тачер.

Уште од почетокот е прикажано како Чарлс бил принуден да се среди, а Дијана беше одлична прилика за тоа. Дали се сакаа? Серијата вели да, но само една недела, додека биле на турнеја низ Австралија, до моментот кога Дијана ги маѓепса луѓето, што младиот принц не можел да го поднесе.

Тука е присутна и Камила Паркер, денешната сопруга на Чарлс, а негова долгогодишна љубовница и жена со која бил во текот на целиот брак со Дијана.

Нивните современици и пријатели велат дека не било сè така на почетокот. Тие тврдат дека Дијана и Чарлс биле заљубени, дека нејзините проблеми со булимијата дошле подоцна, но никој не негира дека кралицата одбивала да ѝ помогне секојпат кога Дијана сакала да ѝ се обрати. И серијата детално го покажува тоа.

И токму тука најдобро можете да ја видите целата суровост на семејството во кое влегла Дијана, дури и ако авторите на серијата додале нешто плус. A бидејќи Дијана уште од самиот почеток се гледаше како крајна жртва, ова е уште една нејзина мала победа над кралското семејство, барем во јавноста.

Сезоната завршува со реченица што можеби најдобро опишува како сè заврши во реалниот живот. Секако, таа реченица веројатно никогаш не била така кажана, но сосема е веројатно она што принцот Филип ѝ го рекол на очајната Дијана: - Таа е кислородот што го дишеме. Единствено таа е важна. Јасно е кој сепак ќе ја однесе најважната победа во војната, а се знае дека тоа секогаш е кралицата.



Извор: Noizz.rs
Фото: Screenshot/YouTube