Главниот град на оваа земја е прогласен за најпријателски град во Европа
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Според изборот на читателите на списанието „Конде наст травелер“, најпријателскиот град во Европа е шведскиот главен град Стокхолм, што го прави совршена дестинација за продолжен викенд или романтично бегство.
Стокхолм ја доби оваа титула на „Ридерс чојс авордс“ за 2024 година каде што го освои првото место, додека Будимпешта и Валенсија ги освоија второто и третото место.
- Швеѓаните се отворени, љубезни и весели, поради што титулата најпријателски европски град е целосно заслужена - наведува ова престижно списание.
Освен тоа, читателите особено истакнаа колку жителите на Стокхолм се сериозни во врска со нивната традиционална пауза за кафе и колачи, односно „фика“ - термин што значи кафе-пауза, а во Стокхолм претставува многу повеќе од уживање во топол пијалак. Швеѓаните го сметаат за важна социјална традиција, идеална можност за опуштање и разговор со пријателите и семејството.
Освен Стокхолм, на листата со најпријателски европски градови се најдоа и Будимпешта, Валенсија, Виена, Берлин, Палма де Мајорка, Копенхаген, Лисабон, Милано и Неапол.
Извор:
b92.net
Фото: Freepik