Месечен хороскоп за декември 2024 година
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Овен
Во декември мислите и чувствата насобрани во текот на годината ќе испливаат на површина, поради што овенот може да доживее силни главоболки или мигрена. Оставете ги вашите мисли да течат, обидете се да практикувате јога или масажа и опуштете се. По едногодишен метеж и врева, ќе се засолните во вашиот дом со вашиот партнер. Како што се буди романтичната душа во вас, така ќе сакате нежност и за себе и за партнерот. Обидете се да испланирате убав викенд некаде.
Декември не е само месец на божиќни празници, туку е и месец на стрес. Ќе бидете нервозни поради божиќниот шопинг, но најмногу поради средбата со роднините, со кои немате за што да разговарате. Дефинитивно не треба да ги избегнувате, напротив. Благодарение на положбата на Јупитер, ќе можете да ги игнорирате сите подбивања и да оставите одличен впечаток врз нив. Исто така, во декември внимавајте на вашето здравје и не претерувајте со алкохолот. Ова може да ги уништи празниците не само за вас, туку и за вашите најблиски.
Бик
Во декември биковите ќе ги понесе божиќното расположение, а сите грижи ќе ги остават зад себе. Ќе се сретнете со старите пријатели кои со години не сте ги виделе и ќе уживате во многу луди забави заедно, на кои ќе го пуштите мозокот во лер, но вашето тело лесно ќе се умори, па бидете внимателни и размислете дали вреди. Во овој период ќе ги разјасните чувствата и ќе најдете хармонија. Благодарение на ова, ќе можете да ги решите прашањата во врската кои долго време ги одложувате.
Ќе бидете безгрижни во последниот месец од годината. Нема да се двоумите да ги изразите вашите чувства, а тоа ќе ви помогне да ја пронајдете вашата внатрешна рамнотежа. Со задоволство ќе ги обновите сите заборавени врски и ќе се сретнете со вашите роднини. Ќе бидете скептични за новодојдените во кругот на семејството и воопшто нема да ви се допаѓа да разговарате со нив.
Во декември ќе се опуштите и во поглед на начинот на живот и исхрана.
Близнаци
Декември ќе биде месец на љубов и страст за близнаците. Бидејќи ќе ги завршите подготовките за Божиќ, можете да одвоите момент со партнерот само за себе. Ќе ве зафати желба за топла прегратка која ќе ве исполни со љубов и ништо друго нема да биде важно во тој момент. Во овој период ќе можете да ширите радост на сите околу вас, па сите ќе бидат среќни што ќе ве видат и ќе сакаат да поминат време со вас. Но, вам важни ќе ви бидат мирот и тишината.
Близнаците нема да седат мирно во декември. Венера во положбата Јарец ќе ги напојува со љубов и енергија. Секогаш ќе се грижите за вашите најблиски, а за време на празниците ќе бидете одлични домаќини. Но, треба да сфатите дека Божиќ е главно празник на благосостојбата. Слободно патувајте со партнерот, а сè друго оставете зад себе. Ќе бидете романтични, а вашата друга половина ќе го цени тоа. Обидете се да не подлегнувате на негативните мисли.
Рак
Декември кај ракот буди многу емоции. Во овој период ќе бидете многу чувствителни, понекогаш можеби и пречувствителни. Сепак, ова не е лоша работа; обидете се да го извлечете максимумот. Како многу чувствителна личност, ќе можете да препознаете како се чувствуваат луѓето околу вас за да им помогнете или лесно да процените што можете да кажете пред нив и како. Истовремено, оваа вештина дава многу креативност. Бидејќи знаете како се чувствувате за нештата или настаните, лесно можете да си поставите цели и да станете посреќни.
Раковите ќе бидат емотивно нестабилни во последниот месец од годината. Ќе треба многу повеќе време да поминувате со семејството и пријателите и ќе бидете погрижливи. Освен тоа, ќе се трудите да ги разберете новите членови на семејството, кои најверојатно ќе ги сретнете на семејните прослави. Треба да се обидете да се контролирате за да не ве сметаат за наметливи.
Во декември ќе доживеете и меланхолија. Дополнително, ќе размислите за целите што сте ги поставиле за оваа година, но сè уште не сте ги постигнале. Сепак, не грижете се за минатото и наместо тоа, гледајте напред.
Лав
Во декември лавот целосно ќе ужива во божиќниот дух. Целата работа можете да ја оставите зад себе бидејќи немате одмор и можете да се фокусирате на божиќниот шопинг и подготовката за празниците. По долго време ќе го видите вашето семејство, затоа внимавајте и ислушајте ги сите членови - ќе ви бидат благодарни за тоа. Во овој период вашата фантазија нема да ве остави да спиете, а ќе треба некако да ги спроведете вашите идеи.
Во декември Сатурн во Водолија ќе им помогне многу на лавовите, а тие ќе ги засноваат своите постапки на потребите на своето семејство. За време на празниците ќе бидете многу конзервативни, а ќе се трудите да ги зачувате сите традиции. Ова ќе ви помогне да останете смирени, а благотворно ќе делува особено на вашите деца и вашиот партнер, кој ќе ви биде исклучително благодарен за тоа.
Во првата половина од месецот избегнувајте физички напор и подолг престој надвор, бидејќи ќе бидете склони кон белодробни заболувања и болести. Дури и обичниот грип може да ви го уништи Божиќ.
Девица
Декември ќе биде месец на благосостојба за девицата. Конечно ќе имате време за мирна, креативна активност, како што е сликање или свирење на музички инструмент, каде што ќе можете да се изразите и да се опуштите. Во овој период ќе бидете поинтровертни, затоа не брзајте со големи настани за да не дојдете непотребно во стресна ситуација бидејќи во такви ситуации ќе имате тенденција да претерате со однесувањето. Но, она од што ќе добиете придобивка ќе биде времето поминато со вашите најблиски. Со нив ќе се чувствувате безбедно, а токму тоа ви треба во овој момент.
Во декември ќе ве мачи присуството на странци на семејните веселби, што ќе доведе до кавги со другите роднини. Доколку планирате да одите на состанок, треба да размислите дали би било подобро да најдете изговор и приватно да го посетите семејството.
Девиците треба да изберат да се релаксираат во удобноста на домот за време на празниците. Божиќните украси можеби ќе направат да се чувствувате подобро ако внимателно ги подготвувате, а ако сте на диета, слободно заборавете на неколку дена и почестете се со она што ќе ви го посака душата.
Вага
Во декември вагите ќе бидат доста гостопримливи. Ќе уживате во тоа што можете да израдувате некого, па ќе напредувате во купувањето божиќни подароци и подготовките за празниците. Ќе сакате и да доживеете романса, која вашиот партнер ја чека долго време, па поканете го на вечера и одвојте миг само за себе. Во овој период може да ве очекуваат некои изненадувања, па затоа очите нека ви бидат широко отворени. Здравјето ќе ве служи, па во целост ќе уживате во божиќните празници.
Од почетокот на месецот ќе ве привлече божиќната атмосфера. Нема да мислите на ништо друго освен на претстојните празници кои ќе ги поминете во кругот на семејството. Можеби имате некои грижи за кавги што може да се појават. Дури и да се случат, ќе се обидете да останете позитивни и да ги решите со вашиот дипломатски пристап.
До крајот на декември можеби ќе се чувствувате обземени од меланхолија и помислата дека помина уште една година. Не грижете се. Влијанието на Месечината ќе биде силно, а во 2025 година ќе зачекорите со десната нога, па заборавете на сомнежите и уживајте во новогодишната ноќ што е можно повеќе.
Скорпија
На почетокот од декември скорпиите нема да мируваат ниту момент бидејќи нивната нескротлива енергија постојано ќе ги разгорува. Во овој месец треба да се откажете од сето она што ви пречи и да си поминете убаво со семејството. Божиќ е најдобро време за зајакнување на односите со семејството, затоа не дозволувајте оваа можност да помине. Смирете го вашиот немирен дух и фокусирајте се на вашиот внатрешен мир. Ова ќе биде добро за вас, но и за луѓето околу вас. Кон крајот на декември ќе ве понесе атмосферата на Божиќ, а ќе уживате во мирен одмор со вашите најблиски.
Ќе бидете немирни во последниот месец од годината. Марс ќе има значително влијание врз вас. Од една страна, нема да ви недостига мотивација, а од друга, поради преголемата потреба да бидете во право по секоја цена, можете да бидете нетолерантни.
Кога станува збор за партнерот, треба да внимавате на своето однесување. Иако слободните скорпии изгледаат самоуверено и спротивниот пол нема да ги остави на мир ни за момент, зафатените може да покажат љубомора и да бараат претерана посветеност од партнерот.
Стрелец
Во декември стрелците ќе бидат супер активни и немирни. Нема да бидете расположени за семејни состаноци и ќе почувствувате потреба да одите на планина и некаде да ја потрошите енергијата. Овој месец треба да избегнувате стрес бидејќи ќе бидете склони кон главоболки и вкочанет горен дел од грбот. Затоа потрудете се да не се грижите за ништо и уживајте во секој момент што ќе ви го донесе овој месец. Размислете за одење во некој спа-центар или на бања со вашиот партнер; споделеното време за релаксација навистина може да ја продлабочи вашата врска.
Иако со задоволство ќе помогнете во подготовките, семејните собири едноставно нема да ви бидат најомиленото нешто овој месец. Под влијание на Марс, можете брзо да се вознемирите поради задевањата од вашите роднини. Покрај тоа, ќе почувствувате голем притисок да ги исполните очекувањата на постарите членови на семејството. Многумина од нив би сакале да ве видат на друго место, иако чувствувате дека тоа не е патот по кој треба да одите.
Престојот во бањата или на село, каде што би можеле целосно да избегате од цивилизацијата, може да ви помогне да го издржите овој тежок период.
Јарец
Јарците ќе бидат маѓепсани од божиќното расположение на почетокот на овој месец. Ќе сакате да се сретнете со целото семејство и вашите пријатели. Ќе се чувствувате среќни и исполнети кога сте опкружени со луѓе и сакате да им дадете многу на другите. Силно ќе ги чувствувате и вашите родителски инстинкти, па ако имате деца, ќе поминувате колку што е можно повеќе време со нив. Однесете ги во кино или на планина и вратете се во детството со нив. Понатаму, идеално време е да се надминете себеси и да пробате нешто ново од кое нормално би се преплашиле.
Иако јарците не сакаат големи социјални настани, во декември ќе биде малку поинаку. Празниците, семејните собири и корпоративните забави ќе ве натераат да ја напуштите вашата удобна зона и на почетокот ќе ви биде многу непријатно, но штом ќе пристигнете, ќе бидете под влијание на Меркур, па веројатно ќе бидете во центарот на вниманието, дури и ќе уживате. На крајот, ќе бидете задоволни што не најдовте изговор да не одите.
Генерално, овој месец ќе бидете многу горди на себе затоа што брилијантно ќе се справите со сите ваши обврски и ќе бидете огромна поддршка за вашите најблиски.
Водолија
Водолиите ќе уживаат во мир и радост во декември. Поголемите семејни состаноци повеќе или помалку ќе ви бидат должност, но навистина ќе уживате во времето со најблиските и ќе се потсетите на некои заеднички моменти од минатото. Исто така, не присуствувајте на премногу состаноци со пријателите затоа што ќе имате склоности да се впуштате во конфликти, па подобро би било да се обидете да ги избегнувате. Идеалниот начин да го поминете времето е да одите на масажа бидејќи тоа е време да се наградите себеси по напорна година.
Декември ќе биде тежок. Водолиите обично се нескротливи и импулсивни, па им пречат традициите и „задолжителните“ семејни собири и затоа го покажуваат својот став. Таквото однесување може да предизвика озборувања и да ги влоши односите меѓу роднините. Затоа, треба да размислите и да најдете изговор и да не одите на такви состаноци или да исчезнете што е можно поскоро.
Во почетокот на декември може да страдате од повреди и воспаленија на долните екстремитети поради влијанието на Месечината. Погрижете се да останете на топло и да купите квалитетни чевли.
Риби
Во декември рибите ќе ги служи здравјето, што ќе биде резултат на вашето добро расположение. Искористете го и средете си ги приоритетите. Не треба да брзате; обидете се да одвоите малку време за да си направите ретроспектива на годината и размислете за плановите во претстојната година. Во овој временски период ќе претпочитате да го поминувате времето сами бидејќи ќе бидете склони да ги преземате негативните енергии и проблемите на другите. Обидете се да држите дистанца и фокусирајте се на себе.
Зимските празници ќе бидат одлична можност за да направите планови за следната година. Обидете се да замислите каде би сакале да се видите за една година и добро размислете како да го постигнете тоа. Таквото планирање може да биде тешко, но благодарение на Меркур, ќе биде полесно.
Размислете за вашите врски и анализирајте ги темелно во декември. Можно е меѓу пријателите да најдете некој кој има прилично негативно влијание врз вас и да ви ја одземе енергијата. Обидете се да се оддалечите што повеќе од таквите луѓе за време на празниците.
Фото: Freepik