Пат околу светот - реално и брзо: Компанија нуди уникатни аранжмани, а ова се условите

Пат околу светот - реално и брзо: Компанија нуди уникатни аранжмани, а ова се условите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Доколку сакате да патувате околу светот, не во стилот на Филијас Фог во период од 80 дена, туку со авион за 24 часа и само две застанувања, компанијата „Стар алајанс“ има понуда за сите патници што сакаат авантура плус.

РТВ, односно „Раунд д ворлд“ („Околу светот) е здружение составено од 28 авиопревозници кои оперираат повеќе од 17.500 лета дневно поврзувајќи 1.150 дестинации во 189 земји.

Сè што треба да направите е да ја посетите веб-страницата на „Стар алајанс“, да резервирате и да купите билети, кои подоцна ќе стигнат на вашата е-адреса.

Секој патник има обврска да престојува на најмалку две места во времетраење од 24 часа, додека целото патување може да има најмногу 15 застанувања. Има и понуди со поволни тарифи кои вклучуваат минимум 3, а максимум 12 застанувања и практично секој може да си ја одреди маршрутата.

Патувањето мора да започне и да заврши во иста земја и мора да биде еднонасочно, кон запад или кон исток, а Атлантскиот и Тихиот Океан може да се преминат само еднаш.

Извор: b92.net
Фото: Freepik