За успехот на Венко Андоновски, проф. д-р Валентин Мирчески, апликација за земјоделките... Што пишувавме неделава?

За успехот на Венко Андоновски, проф. д-р Валентин Мирчески, апликација за земјоделките... Што пишувавме неделава?

„По скалилата на успехот“ со Венко Андоновски: „Од гимназиските денови се заразив со лепословие и до ден-денес не сум се излекувал“

Наскоро од печат ќе излезе новата книга „Опијатите на лепословието“ на едно од најголемите имиња на македонската книжевна сцена, автор и универзитетски професор - Венко Андоновски. Во неа овој извонреден романописец, драмски автор, раскажувач, поет и критичар ги открива своите „мали тајни“ на пишувањето.


Средношколките од гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола - Ана Марија Вељковиќ, Ангела Талева и Матеја Ѓоргиевска, под менторство на професорката по економски предмети Фанија Наумовска, развија идеја за алатка за вештачката интелигенција која ќе помогне во премостувањето на родовиот јаз во земјоделството.


Aкадемик проф. д-р Валентин Мирчески, редовен професор на Природно-математичкиот факултет, е меѓу осумтемина професори што по повод Светскиот ден на науката за мир и развој добија плакета од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за придонес во развојот на научноистражувачката дејност и интернационализацијата и афирмацијата на Универзитетот, за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни труда.