Уметник создал неверојатни цртежи од снег пешачејќи неколку часа
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Британски уметник создал серија неверојатни цртежи на снег пешачејќи во кругови повеќе од 80 километри.
61-годишниот Сајмон Бек ги создал неверојатните обрасци во период од две недели. Тој успеал да направи 8 снежни цртежи во Колорадо.
Сложените дизајни, кои најдобро се гледаат одозгора, биле инспирирани од снегулки, кругови од земјоделски култури и математички фрактали.
Сајмон користел скици и компас за да го измери бројот на чекори на снегот што му биле потребни, пред да тргне во поход од 2 до 6 часа за секоја индивидуална креација.
- Имаше два цртежи за кои ми беше потребен ден и половина, но за жал првиот беше уништен од ветрот. Сите цртежи беа оштетени од ветерот до одреден степен. Четвртина од моето време поминав во обновување на работата што претходно ја имав завршено - вели Сајмон.
Извор:
Good News Network
Фото: SWNS