Моќни цитати од Ентони Хопкинс: „Нема скратен пат до среќата. Мора да го живееш својот живот“
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Сер Филип Ентони Хопкинс е велшки актер, режисер и филмски продуцент. Во 70-тите години на минатиот век Ричард Атенборо го нарече Ентони Хопкинс - најголемиот актер на неговата генерација.
Ова се некои од неговите инспиративни цитати за животот и успехот.
- Ако не ги следите своите соништа, слободно можете да бидете зеленчук.
- Денес е утрето за кое бев загрижен вчера.
- Немам никакво академско образование во сликарство или музика, но пишувам музика и компонирам музика, и цртам и продавам слики.
- Пазете се од тиранијата на слабите. Тие целосно ве исцицуваат.
- Целата поента на храброста е да го победиш стравот. Интересна работа е кога храброста крвави низ стравот.
- Нема скратен пат до среќата. Мора да го живееш својот живот.
- Престанете да се појавувате пред луѓе кои се рамнодушни на вашето присуство.
- Луѓето не секогаш ви кажуваат што мислат. Тие само гледаат да не напредувате во животот.
- Мојата филозофија е: не е моја работа што велат луѓето за мене и што мислат за мене. Јас сум тоа што сум и го правам тоа што го правам. Не очекувам ништо и прифаќам сè, а тоа многу го олеснува животот.
- Немам време за каење. Продолжувам понатаму затоа што го прифаќам тоа што сум, а не тоа што мислам дека треба да бидам.
- Бидете тоа што сте и кажете го она што го чувствувате затоа што на оние на кои им пречи не им е важно, а на оние што ви се важни, не им пречи.
- Вината е крадец на животот.
- Престанете да водите длабоки разговори со луѓе кои не сакаат да се променат.
- Животот е премногу краток за да се справуваме со несигурноста на другите луѓе.
Извор:
Addicted2success.com
Фото: Screenshot/YouTube