Во кои европски земји најлесно се добива државјанство?
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Доколку планирате да се преселите во некоја европска земја, треба да знаете дека преселбата е полесна во некои земји.
Канадската имиграциска агенција „Канада ЦИС“ спровела истражување за тоа каде во Европа најлесно, а каде најтешко се добива државјанство. Таа ги анализирала податоците за имиграција од 2009 до 2021 година гледајќи го процентот на успешни пријави од нерезиденти на ЕУ.
Било заклучено дека Шведска прифаќа најголем процент на нерезиденти на ЕУ. Стапката на прифаќање изнесува 9,3 отсто, двојно повеќе од просекот на ЕУ.
Од друга страна, Естонија има најниска стапка на одобрување пријави за државјанство - само 0,6 отсто.
10 европски земји во кои најлесно се добива државјанство
1. Шведска
2. Норвешка
3. Холандија
4. Португалија
5. Исланд
6. Ирска
7. Романија
8. Велика Британија
9. Белгија
10. Финска
10 европски земји во кои најтешко се добива државјанство
1. Естонија
2. Латвија
3. Чешка
4. Литванија
5. Австрија
6. Лихтенштајн
7. Словачка
8. Словенија
9. Германија
10. Данска
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Freepik