7 најмотивациски цитати некогаш кажани или напишани
Мотивацијата е клучот до успехот. Таа е нешто што ви е потребно секој ден. Мотивацијата е онаа што ве тера да станете и кога сте паднале, таа е онаа што го осветлува вашиот ден. Доколку животот е пат, тогаш мотивацијата е моторот кој ви е потребен за да стигнете до одредена дестинација.
Ова се седумте најдобри мотивациски цитати некогаш кажани или напишани.
1. Нашиот најголем страв
„Нашиот најголем страв не е тоа дека сме несоодветни. Нашиот најголем страв е дека сме моќни надвор од секоја граница. Нашата светлина, а не нашата темнина е она што нè плаши. Се прашуваме себеси: Кој сум јас за да бидам брилијантен, прекрасен, талентиран? Всушност, кои сте вие па да не бидете? Вие сте дете Божјо. Тоа што играте на сигурно нема да му служи на светот“ - Мариан Вилијамсон, „A return to love“.
Ако не вие, тогаш кој? Како деца научени сме дека другите се одлични, а ние не, па затоа се поставува прашањето: „Од каде доаѓаат големите луѓе?“
2. Ќе станеш она за што размислуваш
„Визијата што ја воздигнуваш во твојот ум, идеалот кој го крунисуваш во твоето срце - ова ќе го изградиш во животот, и токму тоа ќе бидеш“ - Џејмс Ален, „As a man thinketh“.
Мислите што се во вашиот ум, оние што постојано ви го одвлекуваат вниманието, тие мисли го стануваат вашиот живот. Ако се гледате себеси како успешен човек, тогаш вие ќе станете успешен.
3. Вашиот живот треба да биде авантура
„Безбедноста е суеверие. Таа не постои во природата, ниту пак во децата и мажите како искуство. Избегнувањето на опасноста не е безбедно на подолг рок на директна изложеност. Животот е или храбра авантура или ништо“ - Хелен Келер.
Што и да сонувате, следете го, никогаш неодлучувајте се за живот на тивок очај и никогаш не станувајте реалист. Џон Елиот рекол: „Тогаш кога некој ќе започне да ви кажува дека треба да бидете реалист, отстранете ја таа личност од вашата листа на поканети луѓе“. Вашиот живот е или предизвикувачка авантура или не е ништо.
4. Никогаш не треба да ја преценувате конкуренцијата
„Риболовот е најдобар онаму каде што одат најмалку, а колективната несигурност е лесна за оние луѓе што се малку похрабри. Доколку сте несигурни, погодете што? Останатиот дел од светот е таков. Не преценувајте ја конкуренцијата и не потценувајте се себеси. Вие сте подобри отколку што мислите“ - Тимотеј Ферис, „The four hour work week“.
Некој мора да биде успешен, некој мора да го напише следниот најдобар бестселер, некој мора да биде број еден, некој мора да биде најдобар, а зошто тоа да не сте вие. „Имате нешто што најголемите луѓе го имале, две раце и две нозе“.
5. Само продолжете да работите
„Не мора да имате супериорна интелигенција или беспрекорен изглед. Јас не ја маѓепсувам собата или не трчам километар за 5 минути. Успевам само затоа што работам откако сите други одат да спијат“ - Грег Еванс.
Продолжете да работите кон вашата цел и на крајот ќе стигнете до неа. Клучот е да останете фокусирани на вашата цел.
6. Доколку сакате нешто, добијте го
„Имаш сон - заштити го. Луѓето не можат да направат нешто за себе, па затоа сакаат да ти кажат тебе дека не можеш да го направиш. Ако сакаш нешто, оди и добиј го. Точка“ - Вил Смит во филмот „Pursuit of happyness“.
Секогаш ќе постојат луѓе што ќе ви кажуваат дека не можете да направите нешто, зошто не можете, и дека нема да успеете. Но ако имате сон, следете го и никогаш не дозволувајте некој да ви каже дека не можете да го исполните. Можете да направите што сакате доколку верувате во нештото.
7. Запомнете: Успехот секогаш почнува со мали чекори
„Најголемото постигнување на почетокот, некое време, беше сон“ - Наполеон Хил.
Најголемото дрво некогаш беше малечко семе. Постоеше време кога „Микрософт“ не беше на ниту еден компјутер; постоеше време кога Мајкл Џордан воопшто немаше дадено кош во кошарка. Никогаш не потценувајте ги малите почетоци. Останете фокусирани и ќе успеете.