Новата компанија на Илон Маск вгради имплант во мозокот на мајмун, па тој сега може да игра видеоигри
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Основачот на „Неуралинк“, Илон Маск, откри дека компанијата успеала да вгради уред во мајмун со кој може да му го контролира умот.
- Имаме мајмун со безжичен имплант во черепот кој може да игра видеоигри со неговиот ум - изјавил Маск при појавувањето на апликацијата „Клабхаус“.
За компанијата последен пат се
зборуваше минатото лето кога откри дека вградила експериментални уреди во свињи. Исто како и тогаш, Маск посочил дека животните на кои се експериментира се во добра состојба.
- Не можете да видите каде се наоѓа имплантот и тој е среќен мајмун. Ги имаме најубавите живеалишта за мајмуни во светот. Сакаме да си играат - изјавил Маск.
Сè уште не е јасно кога би можеле уредите да се вградуваат во луѓето и дали експериментите на животни ќе бидат успешни. Кога зборувал за употребата на уредите кај луѓето, тој изјавил дека има примитивни верзии од уредот, а го објаснил како „Фитбит“ во черепот со мали жици што го поврзуваат со мозокот.
Автор: Џон Кристијан
Извор:
futurism.com
Фото: Pixabay