Руските ученици ќе учат да управуваат со дронови на часовите за обука

Руските ученици ќе учат да управуваат со дронови на часовите за обука

Во руските училишта се воведува посебен модул посветен на технологиите за беспилотни летала и нивната примена за воени и индустриски цели, а предметното знаење ќе се стекне на часовите за обука за работа, рече заменик-министерката за образование Татјана Василиева, пренесе БТА.

-Големо внимание ќе се посвети на технологиите за беспилотни летала. Управувањето со дронови од хоби се претвори во барана индустрија - изјави заменик-министерката пред пратениците во руската Државна дума.

Василиева посочи дека способноста за управување со беспилотни летала е поврзана со подготовка за воена служба и одбрана на татковината, како и технологии во земјоделството, транспортот, набавките и логистиката.

Претходно претседателот Владимир Путин потпиша амандман на Законот за образование во Руската Федерација со кој се предвидува часовите за работна обука да станат задолжителни од 1 септември оваа година.

Извор: МИА