Кое е најдоброто време за одење на спиење за секоја возраст
Мексиканската Национална фондација за сон објави анализа на потребите за сон по возрасна група, нагласувајќи ја важноста да се постигне рамнотежа помеѓу премалку и премногу сон за да се одржи здравјето.
Истражувањата покажуваат дека луѓето што легнуваат по полноќ имаат 12 отсто поголем ризик од кардиоваскуларни болести во споредба со оние што легнуваат во 22 часот. Затоа, експертите препорачуваат возрасните да одат в кревет помеѓу 22 и 23 часот и да спијат седум до девет часа. Но, тие истакнуваат дека секојдневното држење до тој распоред е предизвик поради различниот начин на живот и индивидуалните потреби.
Фондацијата ги одредила и оптималните часови на спиење по возрасни групи за здрав живот. Препораките се како што следува, во зависност од возраста:
0 до 3 месеци – се препорачува 14 до 17 часа сон (не помалку од 9, не повеќе од 19 часа).
Од 4 до 11 месеци – се препорачува 12 до 15 часа сон (не помалку од 10, не повеќе од 18 часа).
1 до 2 години – се препорачува 11 до 14 часа сон (не помалку од 9, не повеќе од 16 часа).
3 до 5 години – се препорачува 10 до 13 часа сон (не помалку од 8, не повеќе од 14 часа).
Од 6 до 13 години – се препорачува 9 до 11 часа сон (не помалку од 7, не повеќе од 12 часа).
Од 14 до 17 години – се препорачува 8 до 10 часа сон (не помалку од 7, не повеќе од 11 часа).
Од 18 до 25 години – се препорачува 7 до 9 часа сон (не помалку од 6, не повеќе од 11 часа).
Од 26 до 64 години – се препорачува 7 до 9 часа сон (не помалку од 6, не повеќе од 10 часа).
65 години и постари – се препорачува 7 до 8 часа сон (не помалку од 5, не повеќе од 9 часа).
Овие упатства се резултат на консензус на многу експерти, вклучувајќи психолози, педијатри и психијатри. Иако идеалниот распоред за спиење варира во зависност од животните околности, квалитетниот сон е од суштинско значење за долгорочно здравје и благосостојба.
Извор: 24sata.hr
Фото: Freepik