Научниците открија вонземен свет со атмосфера како од научна фантастика
Астрономи успеаја да ја мапираат атмосферата на егзопланета во 3Д-модел откривајќи неверојатни феномени кои го менуваат нашето разбирање за климатските процеси на вонземните светови.
Егзотична планета со екстремни временски услови
Планетата, позната како „WASP-121b“ или „Тајлос“, е оддалечена околу 900 светлосни години и спаѓа во категоријата на ултражешки Јупитери. Поради нејзината екстремна близина до својата матична ѕвезда, годината на неа трае само 30 часа.
Користејќи го многу големиот телескоп (ВЛТ) на Европската јужна опсерваторија (ЕСО), истражувачите откриле моќен млазен поток што се протега низ половината од планетата, пренесувајќи гасови и елементи во сложени модели. Оваа атмосфера функционира на начин што не се вклопува во познатите метеоролошки модели.
Шокантни наоди
Невидена климатска структура: материјалот ја обиколува планетата во силен екваторијален млаз, додека на пониски нивоа гасовите течат од врелата дневна страна до постудената ноќна страна.
Траги од титаниум во атмосферата: претходно се мислеше дека титаниумот го нема во атмосферата на „WASP-121b“, но сега е откриен скриен во подлабоките слоеви.
Екстремно време: овие ветрови се посилни од која било бура во Сончевиот Систем, што ги прави дури и најсилните урагани незначителни во споредба со ова млазно струење.
- Оваа планета има атмосфера што ги разбива сите наши претходни сфаќања за временските феномени - не само на Земјата, туку и на сите познати планети. Изгледа како нешто од научна фантастика - вели д-р Јулија Викторија Сејдел, главен автор на студијата.
Научното значење на откритието
Ова истражување претставува пресвртница во проучувањето на егзопланетите бидејќи овозможува подобро разбирање на хемиските и климатските процеси на далечните светови.
- Неверојатно е што можеме да ги проучуваме хемискиот состав и временските модели на планетата на толку голема оддалеченост - вели д-р Бибијана Принот, од Универзитетот „Лунд“.
Извор: benchmark.rs
Фото: European Southern Opservatory (ESO)