Најбогатите луѓе на планетата губат милијарди поради коронавирусот, но не и овој човек
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Ултрабогатите луѓе во светот изгубија милијарди долари поради пандемијата на коронавирусот, но банкарската сметка на Џеф Безос е во сосема добра состојба.
Нето-вредноста на богатството на Безос оваа година скокнало за 5,9 милијарди долари, покажува индексот на милијардери на „Блумберг“. Безос е единствениот од првите пет на индексот што не загубил пари во 2020 година.
Други милијардери, меѓу кои е и извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, се соочија со големи загуби откако коронавирусот предизвика невидена волатилност на пазарот.
Безос е најбогатиот човек во светот. Најголемиот дел од неговото богатство доаѓа од неговиот удел во „Амазон“, компанија која ја основал во неговата гаража во 1994 година. Додека другите онлајн-препродавачи се борат да врзат крај со крај и отпуштаат работници поради коронавирусот, „Амазон“ има зголемена побарувачка и бара дури сто илјади нови работници.
Безос не е единствениот што профитира од пандемијата. Нето-вредноста на богатството на извршниот директор на „Зум“, Ерик Јуан, годинава се зголемило за повеќе од 4 милијарди долари откако Американците се осврнаа кон видеоконференциите и за работа и за социјализирање, а во обид да ги почитуваат препораките за социјално дистанцирање за да се забави ширењето на коронавирусот.
Извор:
Business Insider
Насловна фотографија: Pixabay