НАСА го комплетира тимот на астронаути за првата вселенска мисија со „Спејс екс“

НАСА го комплетира тимот на астронаути за првата вселенска мисија со „Спејс екс“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Првите екипажи што ќе бидат лансирани од американска област до Меѓународната вселенска станица ќе бидат патоказ во новата ера на вселенско летање.

НАСА во вторникот објави дека американскиот астронаут Шенон Вокер и јапонскиот астронаут Соичи Ногучи ќе бидат дел од првата оперативна засилена мисија на „Спејс екс“.

ЈАКСА, вселенската агенција во Јапонија, издаде кратка изјава со која се потврдува учеството на Ногучи. Мајкл Хопкинс и Виктор Гловер од НАСА веќе беа на списокот на екипажот на мисијата.

- Оваа мисија ќе биде првата во низата редовни, ротирачки летови до станицата по потврдата на НАСА за новиот систем по завршувањето и валидацијата на тест-летот на „Спејс екс“ со астронаути, познат како „Демо-2“ - пишува во соопштението на НАСА.

nasa
Фото: NASA

Претстојното лансирање на „Демо-2“ ќе вклучува само два астронаути: Боб Бехнкен и Даг Харли од НАСА. „Демо-2“ е закажано за мај. НАСА нема објавено датум за оперативната мисија со четири лица, но рече дека ќе се случи подоцна оваа година.

Вокер е ветеран на Меѓународната вселенска станица, престојувала во станицата во 2010 година. Ногучи има искуство во летање во вселенски брод и во 2009 и 2010 година исто така поминал време на Меѓународната вселенска станица.

„Спејс екс“ минатата година успешно го испрати „Кру Драгон“ без екипаж до Меѓународната вселенска станица и мина серија клучни тестови за да ја покаже својата подготвеност да ги носи луѓето во вселената.

НАСА се надева дека ќе ѝ стави крај на својата зависност од руското вселенско летало „Сојуз“.

Извор: Cnet.com