Шенжен е првиот кинески град што забрани да се јадат мачки и кучиња
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Шенжен стана првиот кинески град што забрани продажба и консумација на месо од мачки и кучиња.
Забраната доаѓа откако епидемијата на коронавирусот беше поврзана со месо од диви животни, поради што кинеските власти забранија трговија и консумација на диви животни. Шенжен отиде чекор понатаму и ја прошири забраната за мачки и кучиња. Новиот закон стапува во сила на 1 мај.
30 милиони кучиња секоја година се убиваат во Азија заради консумација на месото, истaкнуваат од организацијата „Хјуман сосајети“ (ХСИ).
Сепак, практиката за јадење кучешко месо во Кина не е толку честа - мнозинството Кинези никогаш не пробале, а не ни сакаат да пробаат.
- Кучињата и мачките како миленици изградија многу поблиска врска со луѓето од сите други животни и забраната за консумација на кучиња и мачки и други миленици е честа практика во развиените земји Хонгконг и Тајван - истакнаа властите од Шенжен.
Од ХСИ го пофалија потегот.
Но, истовремено Кина одобри користење на дигестивна течност од мечки, која се создава во нивните црни дробови и се складира во жолчката, за лекување на заболените од коронавирус. Оваа течност долго време се користи во традиционалната кинеска медицина. Активната состојка на оваа течност, урсодеоксихолната киселина, се користи за разложување камен во жолчката и лекување болести на црниот дроб. Сепак, нема докази дека е ефикасна против коронавирусот, а процесот е болен и мачен за животните.
Насловна фотографија: Unsplash