Најголемиот стадион во светот остана празен: Грандиозен проект што сведочи за пропаднати амбиции

Најголемиот стадион во светот остана празен: Грандиозен проект што сведочи за пропаднати амбиции

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Најголемиот стадион во светот, стадионот „Рунградо Први мај“ во Пјонгјанг, Северна Кореја, бил изграден во 1989 година со капацитет за 150.000 гледачи.

Овој импозантен спортски комплекс бил создаден како одговор на Олимпискиот стадион во Сеул, а низ годините бил домаќин на многу спектакуларни настани. Сепак, денес, наместо да врие од публика, стадионот стои празен, како нем сведок на пропаднатите соништа на режимот.

Првично проектиран да прими 150.000 гледачи, стадионот беше реновиран во 2015 година, по што капацитетот беше проценет на околу 114.000 седишта. Сепак, во ноември 2022 година беше потврдено дека може повторно да се прошири на првичниот број места.

Еден од најнезаборавните моменти во историјата на стадионот беше настанот „Судир во Кореја“ – најголемиот професионален борачки спектакл на сите времиња што за два дена собра неверојатни 350.000 гледачи.

1
Фото: Twitter

Покрај спортските настани, стадионот беше познат и по фестивалот „Ариранг“, каде што повеќе од 100.000 гимнастичари учествуваа во синхронизирани перформанси, создавајќи најголемо шоу од ваков вид во светот.

По долг период на запуштеност, во 2015 година Ким Џонг-ун нареди целосна реконструкција, со што беа обновени сите простории, вклучително и 1.300 внатрешни соби. Сепак, и покрај ова, стадионот речиси не се користи, освен за ретки државни манифестации.

Ова архитектонско чудо, сместено на остров во реката Тедонг, и понатаму фасцинира со својата грандиозност. Но, наместо да биде дом на спортски натпревари и културни настани, тој останува како симбол на амбициите што не се остварија, сведочејќи за тоа како инфраструктурата во Северна Кореја  служи повеќе за пропаганда отколку за реални потреби на народот.

Извор: Klix.ba
Фото: Twitter