Вал Килмер: „Бог сака да пешачиме, но ѓаволот е тој што испраќа лимузина“
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Почина американскиот актер Вал Килмер. Тој беше познат по извонредните улоги во филмови како „Топ ган“, „Бетмен засекогаш“ и многу други. Остави голема трага во светот на филмот со својата страст за актерството и уникатниот начин на приод кон улогите. Иако повеќе не е со нас, неговото наследство ќе живее преку неговите улоги.
- Мојата перцепција е дека никогаш не сум направил ништо друго освен напорно работење.
- Не постои нормален живот. Постои само живот што го живееш.
- Мислам дека смртта е транзиција до друга состојба на свеста.
- Бог сака да пешачиме, но ѓаволот е тој што испраќа лимузина.
- Холивуд е како складиште. Тоа е само место каде што одиш. Она што е интересно во складиштето се креативните луѓе.
- Сите деца ме инспирираат.
- Животот е вреден, и кога некој умира, тоа е можност да се сфати колку е вреден. Мојот брат се удави кога имав 17 години. Тој имаше 15. Мислам дека многу научив од тоа и закрепнав. Мојот татко не. Тоа навистина го уништи.
- Кога сонуваш соништа кога си млад, оствари ги пред да имаш причина да не ги оствариш. Кога си млад, тогаш сите соништа се остваруваат.
- Важно е да бидеш свој. Она што уметноста го прави за секого е тоа што помага да се разбереш себеси на еден прочистен начин, без разлика дали станува збор за слика, сцена во глума или шега. Таа прочистува нешто од секојдневниот живот што може да биде важно за тебе.
Извор:
Quotefancy.com
Фото:
Wikipedia