Доделувањето на „Оскарите“ 2021 може да биде одложено
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Кризата со Ковид-19 продолжува да влијае врз забавната индустрија. Кога ќе дојде време за „Оскарите“ 2021 година, работите ќе бидат малку поинакви отколку на претходните церемонии.
Еве што досега се знае за промените.
Церемонијата може да биде одложена
Во моментов емитувањето е закажано за 28 февруари 2021 година - но странските медиуми известуваат дека церемонијата ќе биде одложена. Сепак, не се знае за кога.
- Невозможно е да се знае каква ќе биде ситуацијата. Знаеме дека сакаме да го прославиме филмот, но не знаеме точно во каква форма ќе биде прославувањето - изјави претседателот на Академијата.
Фото: Pixabay
Нема да се бара филмовите да бидат прикажувани на кино
Претходно, „Оскарите“ бараа сите филмови да бидат прикажувани во кината (поточно, да бидат прикажувани во комерцијално филмско кино во округот Лос Анџелес во квалификациски рок од најмалку седум последователни дена, а во тој период проекциите требаше да се одвиваат најмалку трипати на ден).
Во април Академијата објави дека за 93. доделување на „
Оскарите“ филмовите што претходно имале испланирало кинопремиера, но првично беа достапни на комерцијален стриминг, може да се квалификуваат. Овој исклучок ќе заврши откако кината ќе бидат отворени за јавноста.
Категориите најдобра монтажа на звучни ефекти и најдобра монтажа на звук ќе станат една категорија
Како што велат од Академијата, категоријата ќе го признае најдоброто достигнување во звукот што ги потенцира тимските напори.
Кога сме веќе кај звукот, категоријата најдобра оригинална музика сега ќе бара 60 отсто од музиката да биде оригинална за да се квалификува, а во продолженија и франшизи - 80 отсто.
За разлика од исклучокот за прикажување во кината, овие измени се чини дека ќе останат.
Промена во категоријата најдобар странски филм
Членовите на Академијата сега ќе можат да гласаат во прелиминарниот круг на оваа категорија.