Проверете дали вакцината што сте ја примиле е прифатена во земјата каде ќе патувате

Проверете дали вакцината што сте ја примиле е прифатена во земјата каде ќе патувате

Подготвил: Драгана Петрушевска

Земјите во Европската Унија и Шенген-зоната ги отвораат границите за странците. Вакцинирањето против ковид-19 низ земјите игра улога во попуштањето на мерките. Меѓутоа, сите земји не ги признаваат сите вакцини против ковид-19 што се користат во моментов.


Фото: Pixabay

Нова алатка може да ви помогне да откриете дали вакцината што сте ја примиле е прифатена во земјата во која планирате да патувате.

При користење на алатката, треба да ја одберете вакцината што сте ја примиле и земјата во која сакате да патувате, а потоа добивате информација дали таа вакцина е прифатена во таа земја.

Алатката пронајдете ја овде.

Сепак, најсигурно е доколку проверите во амбасадата на земјата во која сакате да патувате, или надлежните во неа, бидејки добар дел од државите го користат правото индивидуално да одлучуваат која вакцина ќе ја признаат за влез кај нив.

Извор: Schengen Visa Info
Фото: Pixabay