За Сара Петковска, добитничка на „Инженерски прстен“, првата Македонка што ја доби престижната стипендија Schmidt Science Fellows. Што пишувавме неделава

За Сара Петковска, добитничка на „Инженерски прстен“, првата Македонка што ја доби престижната стипендија Schmidt Science Fellows. Што пишувавме неделава

Сара Петковска, добитничка на „Инженерски прстен“: Нема интерес да се најдат работни места за највисоко рангираните студенти

Дипломиран инженер по безбедност и здравје при работа на Техничкиот факултет во Битола, прогласена за студент на генерацијата. Сепак, ниедна институција не ја контактирала за работа иако испратила 45 сивија низ цела Македонија.


Весна Бачева, прва Македонка што ја доби престижната стипендија Schmidt Science Fellows: „Сакам да му докажам на светот дека големи умови доаѓаат од нашата мала земја“

Моментално работам во областа на растителните науки како еден од ретките инженери што работат во оваа област. Ме фасцинира начинот на кој функционираат растенијата и мислам дека тие се најдобрите инженери на природата и затоа, пред сè, сакам да научам од растенијата. На пример, како ја движат водата од корењата до лисјата или како ја создаваат целата храна што ја јадеме и како решаваат дали денес ќе направат ново овошје или нов лист, ни споделува Весна Бачева


За четири пати намалена смртноста на доенчињата од пред десет години, но сѐ уште се случуваат трагедии

Од една страна, оптимистички бројки дека смртноста на новороденчињата во земјава е намалена за четири пати во последните десет години. Од друга страна, сведоци сме на трагедии и крикови на мајки кои ги загубиле бебињата неколку часа по породувањето, тужби и обвиненија. Здравствената заштита на родилките и бебињата во Македонија се движи од светло до најтемно. Што и да се очекува во земја каде што сѐ уште има општини без матични гинеколози, жени кои поради предрасуди и страв не одат редовно на гинеколог и болници со дефицит на гинеколошки кадар?