Дали знаете како да ги најдете сите лозинки зачувани на вашиот компјутер?

Дали знаете како да ги најдете сите лозинки зачувани на вашиот компјутер?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Вашиот компјутер ги памети и ги чува корисничките имиња и лозинките што ќе ги внесете во него. Но, дали знаете каде се наоѓаат и како можете да стигнете до нив?

Краткиот водич во продолжение ќе ве научи како да ги најдете лозинките сочувани во оперативниот систем „Виндоус“ (изданија 10, 8 и 7) и да ги менувате, бришете или да додавате нови.

Како да ги најдете зачуваните кориснички имиња и лозинки во „Виндоус 10“?

- Во опцијата за пребарување на компјутерот напишете cmd.
- Ќе ви се појави прозорец од „Command Prompt“.
- Во тој прозорец напишете rundll32.exe keymgr.dll,KRShowKeyMgr.
- Ќе се појави прозорецот „Stored User Names and Passwords“ со сите ваши снимени кориснички имиња и лозинки. Тука можете да ги отстраните постојните, да додадете нови или да ги менувате.
- Ако сакате да направите безбедносна копија (backup), кликнете на „Back up“ и следете ги упатствата.

Како да ги најдете зачуваните кориснички имиња и лозинки во „Виндоус 8“ и „Виндоус 7“?


- Кликнете „Start“, па отворете „Control Panel“.
- Кликнете „User Accounts“.
- Изберете „Manage your Credential“. Ќе се појават сите ваши зачувани кориснички имиња и лозинки. Можете да ги отстраните постојните, да додадете нови или да ги менувате, како и да направите безбедносна копија или да ги повлечете оние за кои сте направиле безбедносна копија.