Погледнете како изгледа катчето на Биби во ГТЦ

Погледнете како изгледа катчето на Биби во ГТЦ

Многу инспирација, енергија и најмногу љубов внесе тимот на „Светот на Биби“ во создавањето на катчето на детската хероина во скопскиот Градски трговски центар (на први кат, до терасата на ресторан „Џино“). Беше отворено вчера, а за најверната публика на Биби ќе работи од 9 до 21 часот. За првите 100 купувачи има специјално изненадување!

Во состав на катчето е и „Бибиверзумот“, во кој наскоро ќе се изведува посебна едукативна програма со која ќе се развиваат вредностите кај децата, когнитивниот и социо-емоционалниот развој, воспитанието и образованието за добар живот, а тие ќе ги откриваат сопствените потенцијали. Или, како што вели проф. д-р Кирил Барбареев, еден од креаторите на едукативната програма на „Светот на Биби“, во душата на младите треба да се всадат доблестите, особено: праведноста, мудроста, умереноста, храброста, трпението, самодисциплината, емпатичноста, истрајноста, чесноста, лојалноста.

Архитектите Филип Караѓозовски и Перо Лазаровски од КЛ Студио го изработија концептот на катчето на Биби. Погледнете како изгледа