Онлајн-курсеви за програмирање за почетници
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Знаењето програмски јазици може да ви помогне да најдете одлична работа или да напредувате во кариерата. За некои луѓе, програмирањето претставува и забавно хоби со кое заработуваат дополнителни пари.
Програмирањето е вредна вештина за речиси секој во овој дигитален свет. Технолошките компании вработуваат дури и во време на пандемијата.
Пред да започнете, треба да знаете кој програмски јазик сакате да го учите. Постојат стотици програмски јазици, а некои од најбараните се „Пајтон“, „Јава“ и „C#“. Во продолжение следуваат онлајн-курсеви во кои се истражуваат основните концепти на програмирањето. Некои анализираат
специфични програмски јазици, додека други се генерални.
Фото: Freepik
„Програмирање за почетници“
Овој онлајн-курс за почетници се нуди на „Скилшер“ и има цел да ги запознае студентите со честите концепти во програмирањето што се користат за повеќе програмски јазици. Некои онлајн-курсеви на „Скилшер“ се бесплатни, но повеќето се само за корисниците што го платиле пакетот кој чини 99 долари годишно или 19 долари месечно. Може да добиете бесплатен пристап 14 дена.
„Претпрограмирање: Сè што треба да знаете пред да програмирате“ со Иван Кимбрел
Курсот започнува со основните концепти на програмирањето, а потоа се зборува за различните програмски јазици и понапредните концепти. Овој курс моментално чини 13 долари на „Јудеми“.
„Програмирање за почетници“ со Кас Ван Гул
Овој онлајн-курс исто така се нуди на „Скилшер“. Се фокусира на основите на програмирањето што се применуваат на сите софтверски јазици. Во курсот се прикажани и вежби и проекти со „C#“.
Фото: Freepik
„Основи на програмирањето со 'Јаваскрипт', ХТМЛ и ЦСС“ со Сузан Роџер
Онлајн-курсот се нуди преку универзитетот „Дјук“ и може да се следи на платформата „Курсера“. Во него се учи за пишување програми, решавање комплексни проблеми, креирање алгоритми и тестирање програми.
„Кодирање за почетници“
Во курсот се разгледуваат пет различни програмски јазици: „Јаваскрипт“, „Пајтон“, „Руби“, ХТМЛ и ЦСС. Во него се учи дизајнирање апликации како калкулатор, дигитален часовник и блог. Курсот може да се следи на „Јудеми“.
Автор: Шелби Браун
Извор:
cnet.com