Прв уписен рок на државните факултети: Очекувано помалку кандидати и без поголеми технички проблеми

Прв уписен рок на државните факултети: Очекувано помалку кандидати и без поголеми технички проблеми

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска/srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Лектор: Ивана Кузманоска

Голем интерес има за Медицинскиот факултет во Скопје, за ФИНКИ...

Без поголеми технички проблеми вчера заврши првиот рок за запишување на студентите во прва година на државните универзитети. Првпат годинава, поради ковид-ситуацијата, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги доставуваа потребните документи за запишување електронски. На „Св. Климент Охридски“ во Битола и на „Гоце Делчев“ во Штип ги примаа документите по протокол. Примените бруцоши на скопските факултети ќе треба да ги достават документите на 10 и 11 септември. 

Деканите на факултетите се задоволни од одѕивот и сите беа подготвени да очекуваат помал број кандидати, со оглед на тоа дека оваа година имавме најмалку матуранти досега - 13.200, односно 2.353 помалку од лани.

Во однос на интересот за запишување на Факултетот за електротехника и информациски технологии, годинава се забележува извесно намалување на бројот на пријавени кандидати во првиот уписен рок, во споредба со претходната година. Без никакви технички проблеми поминаа уписите, споделува проф. д-р Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ.


Чорбев: Проблемите ги решававме во од

Традиционално е голем интересот за ФИНКИ, вели деканот Иван Чорбев. 

- Секоја година имаме доволна квота и не се случило да одбиеме кандидати. Сепак, ова е помала генерација на матуранти, родени се непосредно по воениот конфликт 2001 и плус поради реформа во основното образование пред 9 години, дел од нив беа запишани во минатата генерација. Во однос на техничкиот аспект од реализацијата на уписите, УКИМ веќе 10 години го користи iKnow системот за уписи и водење на студентите. Овој пат дополнително го доработувавме за прикачување скенирани документи и валидирањето и проверката на скенирани документи наспроти хартиените ни одзема малку повеќе време. Првпат се соочуваме со некои предизвици, ама ги решаваме во од - изјави Чорбев.

Годинава се избегнаа метежите при уписите на факултетите

На Филозофскиот факултет во Скопје се задоволни од интересот и велат дека уписите течат без никакви проблеми. Деканот, проф. д-р Ратко Дуев, вели дека немале поголеми проблеми.

- Факултетот организира две простории, според протоколите, за помош на кандидатите кои нема да можат или имаат проблеми со пополнување на електронската апликација или со прикачување на скенираните документи. Со оглед на состојбата и што станува збор за најмалата генерација матуранти воопшто, вчера до 14 часот имавме 485 апликации. Најмногу интерес има за студиската програма по психологија, каде што за 80 места досега конкурирале 190 кандидати - вели Дуев.

Тројца кандидати за едно место има на молекуларна биологија со генетика на Природно-математичкиот факултет, и двајца за едно место – на нутриционизам. Ова се позитивни трендови на овој факултет, вели деканот Ицко Ѓоргоски.

- Солиден интерес има на применета хемија, аналитичка биохемија, биохемија и физиологија, како и наставните насоки за математика, физика, хемија... Годинава имаме помал интерес за туризам во споредба со лани. Само десет кандидати се пријавени за оваа насока - вели деканот на ПМФ.

На Архитектонскиот факултет до вчера напладне имаа 140 кандидати за 120 места.

- Обработката на документите е отежната бидејќи сите документи се испраќаат електронски и детаљно ги проверуваме - вели деканот Огнен Марина.

На Градежниот факултет се пријавени 83 студенти во трите студиски програми. Оттаму велат дека со оглед на помалата генерација матуранти, задоволни се од бројот на студентите.

- Немавме никакви проблеми, сè течеше беспрекорно и немаше никакво отежнување врз нашата работа - вели проф. д-р Златко Зафировски, продекан за настава на Градежниот факултет.


Интерес за електронски бизнис

На Економскиот факултет од Скопје стигнале 460 пријави на потенцијални студенти. Лани биле запишани вкупно 550 студенти во трите уписни рока, што доведува до заклучокот дека за овој факултет првиот уписен рок поминал со голем интерес. 

- Поголем интерес се бележи за електронски бизнис, како и за сметководство и ревизија. Технички проблеми во основа немаше, во некои случаи при прикачувањето на документите се појавуваше проблем. Не очекуваме проблеми ниту на 10 и 11 септември кога треба да ни ги донесат документите. Факултетот е голем, ќе направиме повеќе пунктови за прием - вели Предраг Трпески, декан на Економскиот факултет. 

На Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер оваа година во првиот уписен рок се запишаа помал број студенти, вкупно 90, од вообичаениот број во претходните години - 120.

- Очекуваме уште кандидати во вториот уписен рок. Во меѓувреме се подготвуваме за комбинирана настава онлајн и со физичко присуство - со која планираме навремено да започнеме – вели проф. д-р Елена Никољски-Паневски, продекан за настава.

И на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје се задоволни од покажаниот интерес за студирање. Очекуваат дека на 10 и 11 септември сите примени кандидати ќе ги достават и физички документите. Продеканката за настава, проф. д-р Ромина Кабранова, вели дека сè поминало во најдобар ред и дека само еден кандидат што бил со училишна матура нема да биде примен, затоа што законот не го дозволува тоа.

Медицински е предизвик за идните студенти

 

Голем интерес за запишување има на Медицинскиот факултет во Скопје. За 730 слободни места, колку што се пропишани според конкурсот, пристигнати се повеќе од 900 апликации. Деканката Соња Топузовска вели дека дел од апликациите не се валидни.

- Пријавени се 510 кандидати за општа медицина, 153 за стручни медицински сестри, 110 за физиотерапевти, 55 за логопедија, 44 за радиолошки технолози и 50 за новата насока – инженер по медицинско-лабораториска дијагностика. Имавме отворено и е-адреса со цел да им се помогне на студентите за нејаснотиите. Откако ќе ги обработиме сите документи и доколку се појават кандидати со ист број поени, ќе примениме дополнителни селекции - дипломи од активности, спортски активности, сертификати за странски јазици, компјутерски вештини и сл. - вели Топузовска.

Пријавувањето нови студенти во прва година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола во првиот уписен рок се реализира според условите и критериумите на Конкурсот. На единиците на УКЛО овој процес најпрво се одвиваше електронски, а потоа со физичко присуство при поднесување на потребните документи и со запазување на пропишаните мерки предизвикани од новонастанатата ситуација, објаснува ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски. 

- Целокупната постапка помина во најдобар можен ред. Што се однесува до вкупниот број пријавени студенти, тој е со релативно мало отстапување од бројот на пријавени во претходната академска година. За раководството на УКЛО тоа е очекувано со оглед на фактот што оваа година е значително намален вкупниот број на средношколци како потенцијални кандидати за упис на некои од универзитетите во државата. Пред универзитетот и заинтересираните идни студенти претстојат уште два уписни рока за кои исто така се надеваме дека коректно ќе се реализираат и дека сумирањето на конечните резултати ќе донесе само минимално отстапување од планираните проекции - велат Коруновски. 

Пријавувањето нови студенти во прва година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола во првиот уписен рок се реализираше според условите и критериумите на Конкурсот.. На единиците на УКЛО овој процес најпрво се одвиваше електронски, а потоа, со физичко присуство при поднесување на потребните документи и со запазување на проопишаните мерки предизвикани од новонастанатата пандемиска ситуација.
Целокупната постапка протече во најдобар можен ред.
Што се однесува до вкупниот број пријавени стууденти, истиот е со релативно мало отстапување од бројката на пријавени во претходната академска година. За раководството на УКЛО тоа е очекувано со оглед на фактот што оваа година  е значително намален  вкупниот број на средношколци како потецијални кандидати за упис на некои од универзитетите во државата. Пред Универзитетот и заинтересираните идни студенти престојат уште два уписни рокови за кои исто така се надеваме дека  коректно ќе се реализираат и дека сумирањето на конечните резултати ќе донесе само минимално отстапување од планираните проекции.

Пријавувањето нови студенти во прва година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола во првиот уписен рок се реализираше според условите и критериумите на Конкурсот.. На единиците на УКЛО овој процес најпрво се одвиваше електронски, а потоа, со физичко присуство при поднесување на потребните документи и со запазување на проопишаните мерки предизвикани од новонастанатата пандемиска ситуација.
Целокупната постапка протече во најдобар можен ред.
Што се однесува до вкупниот број пријавени стууденти, истиот е со релативно мало отстапување од бројката на пријавени во претходната академска година. За раководството на УКЛО тоа е очекувано со оглед на фактот што оваа година  е значително намален  вкупниот број на средношколци како потецијални кандидати за упис на некои од универзитетите во државата. Пред Универзитетот и заинтересираните идни студенти престојат уште два уписни рокови за кои исто така се надеваме дека  коректно ќе се реализираат и дека сумирањето на конечните резултати ќе донесе само минимално отстапување од планираните проекции.

На Универзитетот „Гоце Делчев“ уписот во електронскиот систем беше објавен уште на 1 јули, сo цел, поради пандемијата, повеќе кандидати да се пријават во летниот период. Од 24 август до 1 септември се реализира првиот уписен рок на УГД.

- Иако оваа година е потешка поради пандемијата и малиот број кандидати, сепак, интересот е задоволителен и сметам дека е рано да се зборува за очекувани бројки на новозапишани студенти. Тоа ќе може да го прокоментираме по завршувањето на првиот уписен рок. Деновиве ќе имаме тестови на проверка за Музичка, Ликовна и Филмска академија – програмата за модерен танц, како и за Факултетот за образовни науки - вели проф. Мишко Џидров, проректор за настава.