Ученици од „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром фрлиле соученичка од прозорец

Ученици од „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром фрлиле соученичка од прозорец

Четворица малолетници фрлиле соученичка од прозорец на приземје, која се здобила со телесни повреди. Како што соопшти МВР, инцидентот се случил во петокот во Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската населба Аеродром.

Учениците ја фатиле за нозе и за раце нивната 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја.
Случајот утрово е пријавен во полициската станица Аеродром.

Како што соопшти МВР, пријавено било дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, се случило ученичко насилство во кое девојче се здобило со телесни повреди.
Извештај за случајот најавија од Општина Аеродром.