Како би изгледал светот на Чарли Чаплин во боја?

Како би изгледал светот на Чарли Чаплин во боја?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Кога го замислуваме Чарли Чаплин, замислуваме човек во црно-бело. Очигледно причината за ова е тоа што станал познат како филмска ѕвезда во првите децении на 20 век, време кога сите филмови биле црно-бели.

Дали некогаш сте посакале да погледнете еден од неговите филмови, но во боја? Филмот „Ноќ во шоуто“ (A night in the show) излегол во 1915 година како црно-бел филм, но сега може да гледаме и верзија во боја. Овој 25-минутен краток филм го режирал Чаплин, а игра и две улоги во него.


Извор: openculture.com