Прекумерното внесување шеќер може да го зголеми ризикот за Алцхајмерова болест

Прекумерното внесување шеќер може да го зголеми ризикот за Алцхајмерова болест

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Ново истражување открива нов фактор што придонесува за појава на Алцхајмеровата болест. Според истражувачите, прекумерното внесување шеќер предизвикува метаболичка дисфункција што може да го зголеми ризикот за појава на сериозни когнитивни проблеми подоцна во животот.

Податоците се за процес наречен фруктозен метаболизам при што мозокот произведува изобилство на едноставни јаглехидрати. Кога се консумира премногу шеќер, се јавува состојба наречена фруктозен метаболизам што ја исцрпува енергијата од мозокот која е потребна за други невролошки функции.

Со текот на времето оваа абнормалност ги атрофира мозочните неврони. Како што објаснуваат истражувачите, ова може да го зголеми ризикот за добивање Алцхајмерова болест.


Фото: Pixabay

Освен тоа, фруктозата што се наоѓа во овошјето, преработената храна и газираните пијалаци се преработува во црниот дроб и не го задоволува апетитот, туку може да предизвика прејадување и да го зголеми ризикот за здебелување и дијабетес тип 2.

Експертите препорачуваат да се намали внесувањето храна што содржи високо ниво на фруктоза и овој вид шеќер да се внесува претежно преку овошје, кое дава многу енергија.

Автор: ЦВ Хидли
Извор: theladders.com