5Г-технологијата не може да влијае врз нашата ДНК - студентот Владимир Матвеев ги побива бесмислиците поврзани со технологијата

5Г-технологијата не може да влијае врз нашата ДНК - студентот Владимир Матвеев ги побива бесмислиците поврзани со технологијата

5Г-технологијата не може да влијае врз нашата ДНК поради тоа што таа е нискофреквентна, со недоволно енергија за да може да влијае

Пишува: Владимир Матвеев, студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии

Со самиот развој на технологијата и науката секојдневно сè повеќе сме изложени на зрачење без кое не може да се функционира. Развојот на мрежи почнува од 1Г, 2Г, 3Г и се развиваат за сè поголема и поефикасна работа, но и поголема безбедност за животот на луѓето. Во секој случај не постои зрачење кое позитивно би влијаело врз човекот и не би било штетно. Пред сè, би сакал да посочам неколку факти во врска со зрачењето, а потоа да дадам кратко објаснување за новата технологија на мрежи.

Владимир Матвеев

Какво треба да биде зрачењето за да влијае врз човекот?
За некое зрачење да помине низ човекот, поточно да ги зрачи ткивата на човекот и со самото тоа да влијае врз неговата ДНК, тоа мора да има доволно енергија, или се нарекува јонизирачко зрачење.

Кои типови зрачење може да влијаат врз човекот и како?
Постојат два типа бранови, и тоа се: високофреквентни и нискофреквентни бранови.



Високофреквентните се бранови чија бранова должина е помала, но имаат поголема енергија. Овие бранови се нарекуваат бранови од јонизирачко потекло поради тоа што можат да навлезат длабоко во човекот, при што можат да влијаат на промена на ДНК на човекот. Бранови од ваков тип се: рендген-зрачење, гама-зрачење и сл.

Нискофреквентните се бранови чија бранова должина е поголема, но имаат помала енергија и се нарекуваат бранови од нејонизирачко потекло. Самото зрачење на овие бранови допира на човекот и доаѓа до таканаречено „загревање“ на ткивата на човекот поради недоволно енергија да поминат низ него. Нешто слично како УВ-зрачење од Сонцето. Откако ги објаснив овие факти, ќе објаснам накратко што значи таканаречената „смртоносна технологија“.

Што е тоа 5Г-технологија?
5Г-технологијата е петта генерација на безжична мрежа која овозможува користење на повеќе услуги во споредба со останатите мрежи, меѓутоа, оваа технологија е со голем страв прифатена од целиот свет како смртоносна технологија. Има многу бесмислици за оваа технологија, притоа тие не се прицврстени со доказ: умирањето на птиците е последица на оваа технологија, 5Г-технологија може да влијае врз ДНК на човек и сл. Но, тоа е со цел сè повеќе да се зголеми стравот на населението. Како што споменав, 5Г-технологијата не може да влијае врз нашата ДНК поради тоа што таа е нискофреквентна со недоволно енергија за да може да влијае.



Кои се предностите на 5Г-технологијата во однос на другите мрежи?
Предностите на оваа генерација на мрежа во однос на другите мрежи се најпрвин во брзината на пренос на податоци, што всушност би значело тоа: максималната брзина која ја има 4Г-технологијата изнесува 150Mbps Download и 50Mbps Upload, додека 5Г-мрежата би имала брзина 10.000 Mbps Download и 5.000 Mbps Upload, што е голема разлика на брзина на пренос.

Која е главната причина за поголемата брзина на пренос на 5Г-мрежата во однос на другите мрежи?



Главната причина за оваа поголема брзина на оваа мрежа е во тоа што има поголема бранова должина во граници, приближно од 3kHz до 300GHz во оваа бранова должина влегуваат микробранови, што резултира на повеќе податоци за пренос. Работните фреквенции на оваа мрежа се слични со останатите кои се движат до околу 30GHz.
Се надевам дека преку овие неколку факти на наука доловив како функционира електромагнетното зрачење и новата генерација на мрежа со цел да има многу помалку бесмислици поврзани со оваа технологија.