12-годишниот Матеја Масев официјално стана член на Црвена звезда: „Наутро одам на училиште, а навечер тренирам“
Дванаесетгодишниот фудбалски талент Матеја Масев и официјално потпиша за младинскиот тим на Црвена звезда и веќе е во Белград, каде што тренира со најтрофејниот српски клуб. Станува збор за фудбалски бисер од Македонија, кој како обожавател на Звезда почнува да си го остварува сонот. Тој потекнува од спортско семејство, татко му Данчо Масев е поранешен фудбалски репрезентативец.
Матеја е производ на младинската школа на струмичкиот клуб Академија Пандев, инаку основан од нашиот најдобар фудбалер на сите времиња – Горан Пандев. Во Академија Пандев тој тренирал шест години и бил дел од шампионската генерација играчи родени во 2010 година, под менторство на тренерот Васко Тодоров. Матеја цело време е во топ-3 талентите во својата возрасна категорија, а тоа не остана незабележано од страна на скаутите од Звезда, кои искористија можност да го „грабнат“ во своите редови.
– Матеја беше со најголем стаж од својата шампионска генерација 2010 под главно менторство на тренер Васко Тодоров и веќе цели две години со осетен фудбалски прогрес во секоја смисла. Физички, интелектуално и технички доста над македонскиот просек. Сме споменувале повеќе пати и така и излезе, воопшто не е за чудо по толку турнири и игри дека ќе биде забележан и повикан од некој топ-великан на Балканот. Многу знае од фудбалот, а уште многу повеќе ќе дознае. Многу финеси и детали. Значењето на технички, физички, тактички, психолошки подготовки – велат од Академија Пандев.
Остатокот од текстот прочитајте го на
Деца.мк