Го фотошопирала своето тело за да покаже како идеалите за убавина се менуваат со текот на времето
Подготвил:
Билјана Арсовска
Велат дека убавината е во окото на набљудувачот, но дали е навистина така? Сите ние, под влијание на времето во кое живееме, сме навикнати на стандарди кога станува збор за убавината и нашата перцепција за атрактивно и привлечно.
Фитнес блогерката Кеси Хо забележала дека „идеалната“ телесна градба зависи од влијанието на општеството и се менува сѐ побрзо и побрзо. Токму како и денешната мода, која секојдневно носи нови трендови и промени, така и идеалите за женското тело безо исчезнуваат, а жените остануваат збунети, исцрпени и незадоволни.
За да ја подигне свеста околу сето тоа, Кеси одлучила преку фотографии да прикаже како „идеалното“ женско тело се менувало со текот на годините.
-Да имав совршено тело низ вековите, тоа би изгледало вака - истакна таа.
Доцни 2000-ти до 2018 година - ин се големи задници, широки колкови, тесен струк и полни усни. Во хируршката индустрија сѐ повеќе се работи на импланти во задниците, благодарение на одредени славни лица.
Доцни 90-ти и почеток на 2000-ти - големи гради, рамен стомак и мали бутови се хит. На почетокот на 2010 година, операцијата на гради стана најчесто изведувана операција во Америка. Ова е времето на „Ангелите на Викторија“. Тие се високи, слаби, имаат долги нозе и полно деколте.
Рани деведесетти - виткото е ин. Да се изгледа витно и слабо е добитна комбинација на пистите и насловните страници.
1950-ти - доминира фигурата на песочен часовник. Мерките на Елизабет Тејлор се идеални. Мерилин Монро со своите облини доаѓа малку подоцна. Жените преку реклами купуваат пилули за зголемување на телесната маса. Во оваа деценија настануваат магазинот „Плејбој“ и „Барби“.
1920-ти - момчешка градба, неразвниена и младолика, со мали гради, но и екстремно прави фигури се ин. Жените настојуваат да ги скријат своите облини, а тоа се прави со облекување на неколку слоеви облека за да се добие тој изглед на права фигура.
Ренесанса - ин е да се изгледа здраво, полно, со голем задник и колкови. Да се биде полн значи имунитет, само сиромашните биле слаби во тој период.
-Зошто нашите тела ги третираме како мода? Градите излегоа од тренд, задниците се ин! Меѓутоа, реалноста е дека „производството“ на совршеното тело е многу поопасно од производството на облеката. Престанете да го користите своето тело како да станува збор за мода. Ве молам однесувајте се со него со љубов и почит и не подлегнувајте на стандардите за убавина. Прифатете се себеси бидејќи вашето тело сте вие - заклучува на крај
блогерката.