Пилот ја фотографира Земјата од воздух за да покаже колку е магична
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Британскиот пилот Ли Мамфорд прави феноменални фотографии од светот комбинирајќи ја љубовта кон летањето и фотографирањето. Глетката од Азија што ја направи од воздухот навистина го одзема здивот.
Последните пет години Ли лета низ светот, а неговите фотографии од Хонг Конг, Шри Ланка и други земји ги откриваат чудата на архитектурата од различен агол. Уште како мал сакал да фотографира, но од ова хоби се откажал кога се вработил во фирма за финансии.
Кога почнал да лета, повторно почнал да го користи својот фотоапарат, а со оглед на тоа што работата го водела на некои од најживописните места на планетата, почнал да создава фотографии што прво ги воодушевувале неговите пријатели и семејството, а потоа и непознатите луѓе од социјалните мрежи. Досега добил неколку награди за својата работа.
Ли денес живее во Хонг Конг и фотографиите од воздухот главно ги прави користејќи дрон, но има и одлични слики направено од земја.
- Отсекогаш сум сакал да патувам и кога станав пилот, ми се отвори можност да видам некои од најневеројатните глетки што оваа планета има да ги понуди. Азија ја има најспектакуларната
архитектура што сум ја видел - изјави Ли.