Вид билка станува невидлива на места каде што ја собираат луѓето

Вид билка станува невидлива на места каде што ја собираат луѓето

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Билка наречена fritillaria delavayi ги краси карпестите планини Хенгдуан во Кина со разни бои - од сива до зелена. Растението има прекрасен жолт цвет кој расте по петтата година од засадувањето.

Како и многу други видови, билката е популарна кај жителите што ја берат за производство на традиционални кинески медицински производи. Се користи за заболувања на белите дробови со милениуми, а последниве години интересот за неа се зголемува.

Според едно истражување, ова довело до еволуција на самата билка, која се менува за да биде речиси невидлива за да преживее. Истражувањето било спроведено од меѓународен тим ботаничари кои ја анализирале билката на различни локации и разговарале со жителите од околните места за нивното искуство во берењето на билката.


Фото: Cell

Тие заклучиле дека на луѓето им станува потешко да ја најдат билката бидејќи таа ја подобрува својата камуфлажа. Билката еволуирала за да има сиви и кафени листови и цветови кои се тешко видливи на местата на кои жителите повеќе ја береле за комерцијални потреби. Од друга страна, на високите места на кои луѓето ретко доаѓаат за да ја берат билката, таа ги задржала своите зелени листови и жолтиот цвет.


Фото: Cell

- Неверојатно е да се види како луѓето може да имаат толку директно и драматично влијание врз развојот на дивите организми, не само за нивното преживување туку и за нивната еволуција - изјавил професорот Мартин Стивенс од Центарот за екологија и зачувување во Корнвал, Англија.

Тој објаснува дека многу растенија се камуфлираат за да се сокријат од тревојади животни, но овде гледаме камуфлажа за криење од луѓе кои се собирачи.

Автор: Дерја Оздемир
Извор: interestingengineering.com