Детаљ што сигурно сте го пропуштиле: Слободан Милошевиќ се има појавено во „Пријатели“
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
И покрај тоа што по неколку пати сме ги гледале епизодите од популарната серија „Пријатели“, секогаш има детали што не сме ги забележале, а еден таков моменти е „појавувањето“ на Слободан Милошевиќ во една епизода.
Епизодата насловена „Онаа во Вегас“ (англ. The One in Vegas) служеше како финале на петтата сезона, а во неа главните ликови одат во Вегас, секој со своја причина.
Џои работи во „Палатата на Цезар“ бидејќи филмот што требаше да биде неговиот најголем успех беше ставен на пауза. Чендлер, по расправијата со Џои поврзана со филмот, се обидува да се извини на телефон, но Џои постојано го одбива главно затоа што не сака да признае дека Чендлер е во право. Чендлер одлучува да оди во Вегас и лично да го посети Џои.
Моника ѝ кажува на Фиби дека руча со нејзиното поранешно момче Ричард и не може да му каже на Чендлер бидејќи им е прва годишнина и не сака тој да биде љубоморен. Кога ќе пристигне Чендлер, Моника му го открива својот подарок: два билети за Вегас за нивната годишнина.
И Фиби сака да оди во Вегас, па ги кани Рос и Рејчел, но тие одлучуваат да одат еден ден подоцна поради работни обврски. Така, сите ликови завршуваат во Лас Вегас.
Она што го забележаа интернет-корисниците е сцената кога Рејчел и Рос се качуваат на авион, а Рос го држи списанието „Тајм“ на чија насловна страница, на изданието од 5 април 1999 година, ни помалку ни повеќе, стои тогашниот претседател на Сојузна Република Југославија, Слободан Милошевиќ.
- Серијата ја имам гледано милион пати, но првпат дознавам дека во епизодата Рос држи весник со Слободан Милошевиќ на насловната страница - забележува еден твитер-корисник.
Бидејќи оваа сезона се снимаше и емитуваше во периодот пред и за време на агресијата на НАТО врз Србија, не е ни чудо што дел од историјата се најде во една од епизодите на популарната серија.
Извор:
24sedam.rs
Фото:
Twitter