Лекарка открива што се случува со органите по обдукција
Иако многу луѓе замислуваат дека на откако на едно тело ќе се врши обдукција сè се враќа во неговата природна, почетна форма, реалноста е далеку поинаква. Неодамна, техничарка во мртовечница ги споделила застрашувачките детали за тоа што всушност се случува со органите на починатите по смртта, а нејзиното објаснување предизвикало многу реакции и шок на интернет.
Техничарката Хејли, која се нарекува „@themortuarytech“ на социјалните мрежи, предизвикала голема врева со нејзиното искрено објаснување за третманот на телата по смртта. Во нејзиното видео на „Тик-ток“ таа објаснува дека луѓето често мислат оти органите на починатиот ќе бидат вратени на првобитните места за време на обдукцијата, но тоа не е така.
По смртта, сите внатрешни органи едноставно се ставаат во клиничка кеса и се враќаат назад во торзото. Ова вклучува и важно објаснување: мозокот нема да се врати во главата. Остатокот од телото потоа се шие и се подготвува за понатамошни процедури, како што се балсамирање или закопување.
- Откако органите ќе се исечат, веќе не е можно да се вратат на нивното првобитно место - објаснила Хејли.
Интернет-корисниците реагирале, па многумина признале дека сега жалат што ги слушнале тие детали. Овие наоди доаѓаат во време кога има вести за скандали во погребални домови, каде што телата биле несоодветно складирани, без соодветна обработка или ладење. Ваквите случаи дополнително предизвикуваат загриженост за третманот на телата по смртта и предизвикуваат јавна дебата за етиката и законитоста на индустријата.
Извор: klik.hr
Фото: Freepik