Ако сакате да решите големи проблеми, обидете се да размислувате како пчела
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Пчелите можат да ни ја покажат моќта на размислувањето, вели пчеларката Маријана Ги.
Секој работен ден во текот на јануари „ТЕД Идеи“ објавува ново видео во серијата наречена „Како да се биде подобар човек“, што содржи корисни совети од говорник од ТЕД-заедницата.
Нов месец. Нов ден. Нов лист. Се разбудивте и одлучивте конечно да се справите со голем проблем што ви тежи долго време - можеби тоа е помагање на бездомни животни или борба против климатските промени. Но, колку и да сакате да дејствувате, спречени сте од постојаните сомнежи: - Од каде да почнам? Дури и ако направам нешто, дали навистина ќе биде важно?
Кога станува збор за климатските промени, на пример, најголемите умови во светот се борат да дојдат до решенија. Во меѓувреме, вие се борите да ги донесете вашите кеси за повеќекратна употреба во продавницата.
Затоа, време е да погледнете на друго место за инспирација - како скромната пчела.
Пчелите можат да ни покажат дека и размислувањето малку може е најдобриот начин да размислуваме на големо, вели пчеларката Маријана Ги, која живее во Отава, Канада.
Животот на пчелата-работник се движи од шест недели (во лето) и дванаесет недели (во зима). Поголемиот дел од нејзиното кратко постоење го троши за собирање нектар за правење на мед.
Според Ги, пчелата во својот живот прави само 1/12 од кафена лажичка мед - мал дел од сто килограми мед што ѝ се потребни на една колонија за да преживее.
Најневеројатното нешто не е тоа дека пчелата ја врши целата работа, туку дека таа не го прави тоа за себе. Пчелата нема директно корист од медот што го прави, туку им овозможува на идните генерации да напредуваат откако таа ќе замине.
Токму вака можеме да го промениме светот - да не се грижиме за големината на нашите придонеси и со тоа да им овозможиме на нашите напори да се приклучат на активностите на другите.
Ги била потресена од пестицидите и болестите што ги повредувале пчелите и размислувала за тоа што таа и нејзиниот сопруг би можеле да направат за да го решат проблематичниот земјоделски систем.
Еден ден, додека се
грижела за нејзините улишта, сфатила: - Јас сум безначајна, но мојата 1/12 лажичка се брои. Таа пронашла цел во создавањето урбана фарма, помагајќи им на луѓето да засадат градини на нивните покриви и училишни дворови и да ги учат почетниците пчелари.
Продолжете да правите мед. Вашата 1/12 лажичка се брои.