Не е НЛО, тоа е сателит на Илон Маск
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Жители на неколку мали градови во американската сојузна држава Монтана неодамна пријавиле дека забележале „чудни светлини“ на ноќното небо, поради што локалните власти мораа да објаснуваат дека тие светлини всушност се сателитите лансирани од страна на компанијата „Спејс Екс“, а не вонземјани.
Досега компанијата на Илон Маск има лансирано 120 сателити како дел од соѕвездието „Старлинк“ и планира да додаде уште неколку илјадници во блиска иднина.
Поради тоа што орбитираат околу Земјата на релативно ниска алтитуда, сателитите често може да се видат со голо око и ова не е првпат луѓе да ги мешаат со вонземни летала. Во мај минатата година имаше известувања дека и некои Холанѓани мислеле дека сателитите се неидентификувани летачки објекти.
Сателитите од „Старлинк“ исто така се екстремно видливи за астрономските инструменти на Земјата. Тие веќе влијаеја и врз работата на астрономите, предизвикувајќи појавување на светлина во набљудувањата на ноќното небо.
Од „Спејс Екс“ истакнаа дека еден од сателитите што треба да бидат лансирани во следните неколку недели ќе биде премачкан со нерефлектирачка боја како тест за да се види дали ќе ја намали количината на светлина што ја рефлектира
објектот.
Но, можно е дури ни тоа да не ги направи сателитите невидливи за најчувствителните астрономски инструменти.