Во 2020 година сакаме чист воздух, добро здравство и образование или билет во еден правец. Ова се вашите одговори на анкетата

Во 2020 година сакаме чист воздух, добро здравство и образование или билет во еден правец. Ова се вашите одговори на анкетата

Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

„Чист воздух, здрави луѓе, среќни луѓе. Посакувам да сме повеќе. Да се реши проблемот со бездомните животни и да имаме подобар стандард“. „На Македонија ѝ посакувам да се стабилизира. Да ги среди проблемите со нефункционалното здравство и хаотичниот образовен систем. Ѝ посакувам почист воздух . Но, најмногу од сè ѝ посакувам да се освести“. Ова се дел од вашите желби што ни ги пишавте на новогодишната анкета која беше активна минатата недела. Одговаравте на прашањата по што ќе ја паметите изминатата година, што очекувате во Новата 2020?

Одговорија стотина читатели од 16 до 67 години. Според возраста, најмногубројни беа читатели на 21, 29 и 33 години. Од сите анкетирани, 75 отсто се жени, а една четвртина мажи. Во продолжение издвојуваме дел од вашите одговори.

Изминатата 2019 година ќе ја паметам по:

- Кариерни успеси.
- Патувања.
- Сиромаштијата и запросување на саканата.
- Завршувањето на испитите од мастер-студиите тука предвреме и запишувањето втор мастер во странство.
- Крај на врската.
- Љубовта.
- Промените.
- Љубов, работа, научени лекции за себе, задоволство, но и стрес.
- Преубав летен одмор.
- Стресови на работа.
- Лошо.
- Тргнувањето на син ми во градинка.
- Среќните денови со моето синче.
- Долгови до гуша.
- По дијагнози.
- Вработувањето.
- Мојот брз и успешен напредок во кариерата и покрај загубата на татко ми.
- Испити.
- Многу нешта (и добри и, за жал, трагични и лоши).
- Професионалниот прогрес.
- Работата во Германија 3 месеци.



- По ново работно место.
- Станав баба.
- Добрата работна позиција што ја чекав долг период и по предлогот за брак.
- Малтретирање во институциите.
- Бременост.
- Патувањето низ Европа.
- Освоениот медал во Абу Даби и дружењето во „Амбрела“.
- Загаденост.
- Раѓањето на моето трето дете.
- Сè уште неисполнетите права за достоен живот.
- Научив нов странски јазик.
- Ново работно место и дипломирањето на мојот брат.

Во 2020 на Македонија ѝ посакувам:

- Чист воздух.
- Да се освести.
- Подобро здравство и помала стапка на смртност на граѓаните.
- Почист воздух.
- Почист воздух, напреден менталитет, повисоки плати за граѓаните, подобри услови за живот, повеќе здравје и насмевки на нивните лица.
- Успех.
- Добар развој.
- Повеќе велосипеди и зелени површини.
- Да не помислувам барем по еднаш дневно дали е доцна да се иселам.
- Да почне да личи на држава :)
- Подобро здравство, подобро образование, помалку криминал, почист воздух и подостоен живот за нејзините жители.
- Подобро образование.
- Посакувам повеќе безбедност и мир.



- Да биде помалку загадена.
- Да го врати уставното име, да одат во затвор сите политичари од последниве 25 години.
- Повеќе безгрижност и повеќе среќа на нејзините граѓани.
- Чист воздух, здрави луѓе, среќни луѓе. Посакувам да сме повеќе. Да се реши проблемот со бездомните животни и да имаме подобар стандард.
- Подобар „татко“.
- Да има мир и слога.
- Ново правосудство, но ако бидам реален, тогаш ништо посебно.
- Нормална, стабилизирана земја.
- Политичарите да нè остават раат. Да си најдат друга држава.
- Влез во ЕУ, искоренување на сиромаштијата и мирни денови.
- Комплетно нов политички состав.
- Поквалитетно образование.
- Да престане да тоне.
- Правда. Чесни судии и обвинители. Уставен суд кој ќе го поништи Преспански, договорот со Бугарија, Законот за употреба на јазици и ќе бидат гонети и казнети сите учесници во велепредавството. Ѝ посакувам и нормална власт која ќе донесе подобар живот за сите.
- Да го реши проблемот со загадувањето.
- Да зајакне економски.
- Вистинска промена кон квалитетен живот.
- Да биде почиста и посредена.
- Да ја развива економијата, да се отвораат работни места и да им биде платено на работниците.
- Без политичари, успех на народот.
- Помала администрација, помалку министерства, помалку пратеници, една изборна единица, повеќе приватен сектор, помалку давачки и даноци, помалку сива економија, повеќе правда, помали плати во јавен, а поголеми во приватен сектор, повеќе судии што судат праведно, помалку корупција, поголема продуктивност, поголема ефикасност, помалку кучиња по улиците, помалку урбан хаос, помалку сообраќаен метеж, помалку политика помеѓу луѓето, поголема верба во себе, поголема интеграција, помалку рамковен, поголема компетентност, повеќе знаење, помалку озборување, поголема одговорност на т.н. политички чинители, почист воздух, повеќе шуми, почисти реки и езера. Што да кажам повеќе од чиста демагогија. Пред сѐ, да сме живи и здрави и просперитетни и Господ повеќе ум да дава. Помалку подлизурковци и конформисти. Повеќе храбри и одлучни. Среќно!
- На Македонија ѝ посакувам да се стабилизира. Да ги среди проблемите со нефункционалното здравство и хаотичниот образовен систем. Ѝ посакувам почист воздух. Но, најмногу од сè ѝ посакувам да се освести.

За себе посакувам да...

- Се преселам надвор од Македонија.
- Имам многу здравје и успеси.
- Среќа и здравје за целото семејство.
- Да ми се падне на лото.
- Да ги одбранам двете тези и официјално да станам дупли магистер. Да најдам работа во странство и партнерот да најде начин да ми се придружи таму.
- Имам среќа во љубовта.
- Се иселам од државата.
- Здравје и за мене и за моите блиски. Сè друго се купува со пари.
- Имам опуштена и пријатна работна средина.
- Оздрави татко ми.
- Здравје на моето семејство и мене.
- Положам „Математика 2“.
- Имам повеќе среќа.
- Живеам нормално.
- Здравје.
- Повеќе слобода.
- Најдам љубов.
- Посакувам мојата мајка да продолжи успешно да се бори заедно со мене, покрај загубата на нашиот сопруг/татко.
- Фатам услов за 4-та.
- Бидам жив и здрав, да ги остварам своите цели, и многу други работи.
- Си купам стан.
- Да родам дете.
- Бидам здрав и среќен.
- Бидам поуспешна од изминатите години.
- Успеси на професионален план.
- Да се отселам.

Фото: Борче Поповски

- Ми е здрава фамилијата.
- Бебе.
- Ја најдам вистинската љубов.
- Го пронајдам мирот во себе, јас, моето дете и моите блиски да ги гледам здрави, среќни и исполнети, си посакувам вработување побрзо и многу патувања.
- Нова работа.
- Ми ја доделат инвалидската пензија. Во количка сум, 3 пати одбиен.
- Имам убава пензија и доообро здравје.
- Ми се роди здраво синче.
- Имам здравје, љубов, среќа.
- Да не го изгубам него.
- Ме служи здравјето и да ме следи среќа!
- Да сум здрав, жив, опкружен со луѓето што ми значат.
- Здравје, малку среќа, многу љубов и редовна плата!
- Си одам од Македонија.
- Да најдам работа со слободни викенди и празници.
- Билети во еден правец за целото мое семејство.
- Ги имам сите 5-ки и на факултет да ги имам сите 10-ки.
- Подобра работа, финансиски појака и ќе можам да патувам и да ширам познанства, добро здравје и среќно семејство.
- Личен развој и да ми се остварат сите планови за штедење, инвестирање и добивка.
- Пред сè, да оздравам. Да не мора да се маткам од клиника до клиника, од шалтер до шалтер. Потоа, посакувам ваквите анкети да ги пополнувам од дијаспора :)
- Напредок.
- Бидам среќна заедно со моите блиски.
- Добијам договор на неопределено време.
- Се вратам во нормала.